Израелската армија ја продолжува акцијата во Газа | Вести | DW | 22.05.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Израелската армија ја продолжува акцијата во Газа

Израелската армија ги блокираше палестинските автономни области на Западниот брег и во појасот на Газа поради претстојниот еврејски празник Шаву. Поради тоа палестинските работници не смеат да патуваат кон Израел. Во меѓувреме израелската воена авијација и натаму бомбардира цели во појасот на Газа за кои постои сомневање дека се произведува и складира оружје . Палестинските милитанти во текот на ноќта повторно испукаа ракети врз израелскиот град Здерот на границата со појасот на Газа.