1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израелската армија го проширува фронтот и на палестинските територии

Само во утринските акции во појасот на Газа и на западниот брег се јавува за најмалку дванаесет загинати палестинци и повеќемина повредени

Израелски војници во акција во Газа

Израелски војници во акција во Газа

Акцијата на израелската армија во појасот на Газа е дел од мисијата за ослободување на киднапираниот израелски војник кој веќе три недели е заложник на милитантна група и запирање на ракетните напади врз израелска територија. Агенциите јавуваат за жестоки претсрелки во околината на кампот Магази во чија околина израелската армија дејствувала со тенкови. Меѓу деветемина настрадани се и тројца милитанти од радикалното крило на владејачкиот Хамас, како и еден припадник на фракцијата Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас. Според болнички извори настрадале и двајца цивили меѓу кои и едно 16 годишно момче.

52 палестинци се повредени, меѓу кои десет се деца.

Тројца палестинци загинале и во акцијата на израелската армија во градот Набулс на западниот брег. Армијата била во потрага по членови на Ал акса бригадите, одметнатото радикално крило на движењето Фатах. Според очевидци локалната палестинска управа во текот на ноќта била опколена од израелски војници кои пристигнале со 30 џипови, два тенка и три булдожери. Тие барале итно повлекување од регионот на 200 припадници на палестинските сили за безбедност. Во улога на посредник во конфликтот денеска во Ерусалим треба да пристигне шефот на европската дипломатија Хавиер Солана, кој со израелските власти ќе разговара за воените операции во Либан и палестинските територии.