1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Израелската авијација продолжи со акцијата во Газа

Израелската авијација и денеска продолжи да гранатира цели во појасот Газа. Истовремено Палестинците продолжија да стрелаат со ракети од типот Касам на израелска територија. Според палестински извори, една израелска граната паднала во близина на куќатра на палестинскиот премиер Исмаил Ханија. Израелската армија демантираше дека Ханија е цел на нападот. Претходно, палестинските дипломати го повикаа Советот за безбедност на ОН да ги осуди израелските воздушни напади во појасот на Газа и апсењето на голем број членови на Хамас на Западниот Брег .