1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Изостана дебатата во Комитетот за односи меѓу заедниците

Бојкотот на Комитетот за односи меѓу заедниците е удар врз Рамковниот договор, а одговорна за тоа е ВМРО ДПМНЕ обвинуваат пратениците од ДУИ. Денеска на дневен ред беше проектот „Скопје 2014“.

default

Проектот „Скопје 2014“

Најбројната партија во парламентот ја блокира работата на Комитетот за односи меѓу заедниците, обвинуваат пратениците од ДУИ, коалициски партнер во власта на ВМРО ДМПНЕ. Денеска ова парламентарно тело не ја одржа седницата на која требаше да се расправа за проектот „Скопје 2014“. Недостасуваа повеќе пратеници од владеачкото мнозинство.

Албанските пратеници сметаат дека бојкотот на Комитетот го загрозува спроведувањето на Охридскиот рамковен договор.

Mazedonien Das Parlament in Skopje

Собранието во Скопје

„Намерното недоаѓање е свесно блокирање на работата на институциите произлезени од Рамковниот договор, односно блокирање на вредностите на овој договор“, изјави Теута Арифи од ДУИ. Нејзиниот сопартиец, претседателот на комитетот Џевад Адеми предупреди дека за бојкотот ќе го извести Брисел. „Ќе му испратам писмо на Барозо“, рече од говорницата Адеми, а во изјава за Дојче веле објасни што ќе бара во писмото до шефот на Европската комисија. „Да разговара со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски“.

Опозицијата има еден куп забелешки на Проектот „Скопје 2014“. Дилеми во однос на неговата реализација има и ДУИ. „Сметаме дека има други приоритети во државата,“ вели Арифи.

Пратениците од ВМРО ДПМНЕ ја префрлаат топката врз пратениците од помалите етнички заедници

Пратениците од ВМРО ДПМНЕ не сакаа да ги коментираат обвинувањата дека свесно го бојкотираат Комитетот. Велат дека за тоа биле одговорни пратениците од помалите етнички заедници, партиите на Србите, Ромите и Бошњаците кои се дел од владеачката коалиција.

Во есенскиот извештај на Европската комисија од Македонија се бараше политички дијалог пред се’ дебата во Комитетот за односи меѓу заедниците како клучно тело кое треба да се грижи за соживотот во земјата.

Денеска гости на седницата беа претставници на мисијата на Европската комисија во Скопје, мисијата на ОБСЕ, Американсакта амбасада.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Александра Трајковска