1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Изобилство на снег и на теми во Давос

Давос од денеска (25.01) е место на средба на елитите од политиката и економијата. Критичарите за првпат ќе можат да протестираат во престижното скијачко одморалиште.

Последните подготовки се прават за речиси 3 000 учесници, кои се очекуваат годинава на Светскиот економски форум во Давос. Од 1968 година нема толку многу паѓано снег, како што паѓа во минативе недели во малиот швајцарски град. Целата опрема е во употреба, но нема вистински слободни улици и патишта.

Вонредна состојба на секаде

Во малиот град со 13 000 жители, кој се рекламира со слоганот „Највисокиот европски град“, владее вонредна состојба. Безбедносните сили ги блокираа улиците и патиштата, а јавните автобуси мораат заобиколно да возат.

Davos Schweiz Wirtschaftsforum Schnee Winter

Во Давос се очекуваат речиси 3 000 учесници на Светскиот економски форум

„Кој сега бара електричар, нема да добие никого“, објаснува Хансруеди Берчингер. „Сите мораат да чекаат до завршувањето на Светскиот економски форум, бидејќи тоа има предност“, објаснува 55 годишниот издавач на викендици.

Побарувачката е голема. За време на Светскиот економски форум тој може секоја викендичка да ја изнајми три или четирипати. Цените се соодветни на тоа – една едноставно наместена викендичка со две спални соби чини 7 000 швајцарски франци или околу 5 400 евра. А, тоа е и прилично евтино. Некои вили неделно одат и по 100 000 франци, или 77 000 евра. Слободни хотелски соби нема веќе од пред неколку месеци. Луѓето од Давос профитираат од Светскиот економски форум и само малкумина се жалат, кога стојат со автомобилот во гужвата или кога патот до нивната омилена кафетерија е означен како безбедносна зона.

Премиера за критичарите

„Голема трансформација – обликување на нови модели“ е темата на годинашниот Светски економски форум. Клаус Шваб, кој во 1971 ги основа средбите и кој се’ уште е претседател на форумот, зборува за еден „глобален синдром на брнаут“ со оглед на должничката криза и заканувачката состојба во светската економија.

Во Давос треба да се дискутира исто така и за алтернативите на силниот англо-саксонски капитализам. А, тоа води до премиера во историјата на Светскиот економски форум. Движењето „Окупирај“ ќе смее во Давос да подигне камп и сака да го привлече вниманието ко нивната критика на владејачкиот систем.

Изобилство на теми

Weltwirtschaftsforum Davos Bundeskanzlerin Angela Merkel

Ангела Меркел

Со големо внимание се очекува говорот на отворањето на германската канцеларка Ангела Меркел. Се чини дека германската економија е успешна и покрај или само поради „должничката кочница“. Меѓутоа, другите земји фаворизираат раст на кредитите и сега се соочуваат со пропаст. Како и да е, на германскиот модел се гледа со респект, но не и со симпатии. Постои сомнеж дали тој е применлив за останатите земји. Но можеби патот сепак води преку економски стимулирачки пакети, финансирани со дефицит, односно нови долгови?


Во секој случај таму има многу материјал за дискусија. Џорџ Сорос, милијардерот кој еднаш како шпекулант ја доведе британската фунта до пропаст, е виден во еден едноставен ресторан во Давос. Во среда тој поканува на ручек и ќе даде своја проценка на еврокризата. Но, најпрво мора снегот да престане да паѓа, за да можат сите учесници да пристигнат во Давос.

Автор: Мануела Каспер – Клариџ / Александар Методијев

Редактор: Александра Трајковска