1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Изненадување по првиот круг претседателски избори во Словенија

Поранешниот премиер Борут Пахор победи во првиот круг претседателски избори во Словенија, со што ќе се соочи со актуелниот шеф на државата Данило Тирк во вториот круг на 2 декември.

По преброувањето на гласовите на вчера оддржаните претседателски избори во Словенија изненадувачки победи поранешниот премиер и лидер на Социјалдемократската партија Борут Пахор. Предизвикувачот на актуелниот шеф на државата Данило Тирк во првиот изборен круг освоил 40 насто од гласовите, соопшти Централната изборна комисија. Турк, пак кој важеше за јасен фаворит, и кој учествуваше во гласањето како независен кандидат, поддржан од поголемата левоцентристичка опозициска партија „Позитивна Словенија“, освоил само околу 36 проценти од гласовите.

Пахор изјави дека резултатите од првиот круг ги надминале неговите очекувања.

На трето место со 24 проценти се најде кандидатот на владејачката конзервативна коалиција Милан Звер. Одѕивот на избирачите беше едвај 47 проценти, што е рекордно ниско ниво за претседателски избори во Словенија

Пахор и Турк со тоа влегуваат во одлучувачкиот втор круг гласање кој ќе се оддржи на почетокот на декември. Во Словенија согласно уставот, шефот на државата има исклучиво репрезентативни задачи.