1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Изненадувачко признание на Мусави

Закариас Мусави,кој е обвинет за учество во терористичките напади во САД од 11 септември 2001 година,вчера призна дека на истиот ден бил планиран и напад врз Белата куќа.Мусави одговара пред судот во Александрија,во сојузната држава Вирџинија.

Припадникот на Ал Каеда,Закариас Мусави сепак припаѓал кон избраните атентатори за 11 септември 2001 година.Наспроти своите досегашни изјави,вчера тој на изненадување призна дека требало да киднапира петти авион и заедно со Ричард Рајд да го урне во Белата куќа.

За разлика од неговите поранешни сведочења полни емоции,вчера Мусави беше смирен и изнесе досега непознати детали пред судот.Тој бил прашан во 1999 година дали сака да биде атентатор самоубиец.Најпрво одбил, но почнал да сонува како урива авион во Белата куќа.За сонот разговарал подоцна со шефот на Ал Каеда,Осама бин Ладен.И Рајд требало да биде во петтиот авион.Тој беше совладан од патниците во авион од Париз кон Мајами,кога сакал да активира бомба скриена во чевелот.Во 2003 година беше осуден на доживотен затвор.

Мусави за нападите дознавал постепено,но до неговото апсење на 16 август 2001 година не го знаел денот на акцијата.

-Знаев дека Мохамед Ата е задолжен за акцијата,знаев сигурно дека ќе бидат погодени Белата куќа и Светскиот трговски центар,изјави Мусави.

Тој ги излагал агентите на ФБИ за да биде сигурен дека нападите ќе успеат.Во нив загинаа околу 3 илјади луѓе.