1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Изненадувачки силен раст на економијата во еврозоната

Економијата во земјите од еврозоната е во поголем полет од очекуваното. Брутодомашниот производ во еврозоната во периодот меѓу октомври и декември минатата година пораснал за 0,3 проценти во однос на претходниот квартал.

Податоците за растот на економијата во еврозоната кои денеска ги соопшти европската статистичка агенција, Евростат, се подобри од очекувањата на економските експерти кои во последниот квартал од минатата година сметаа на економски пораст во земјите од Еврогрупата од само 0,2 проценти. Германија оствари плус во стопанските активности од 0,4 насто, што истотака ги надмина очекувањата на стручњаците. Конјунктурата во еврозоната профитира и од тоа што кризните земји повторно подобро стопанисуваат. Италијанската економија за првпат по 2011 година повторно забележа, додуша минимален, но сепак пораст од 0,1 процент. Француското стопанство во последниот квартал од минатата година забележало раст од 0,3 насто , што истотака е подобро од очекувањата.

Нагорен тренд бележат и економиите на Португалија (раст од 0,5 проценти) и на Шпанија (плус од 0,3 насто). Покрај овие зраци на светлина за еврозоната сепак нејзината економија за целата 2103 година забележала пад од 0,4 проценти.