1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Излез од кризите само со заеднички сили

На Светскиот економски форум во швајцарското гратче Давос богатите и моќните од планетава 5 денови расправаа како да го подобрат светот. Марко Фолмар коментира: тоа беше добра средба, оти беа зафатени конкретни проблеми.

default

Економски форум во Давос

Форумот во целост беше под знакот на кризата на пазарите на акции и на финансиските пазари. Мотото на овој специфичен самит - „Силата на заедничката иновација“ - никогаш не одговарало повеќе, отколку годинава, оти речиси сите учесници беа согласни во едно - само заеднички може да се чекори по патиштата за излез од светските кризи. Заедно кон решение за проблемите На пример, кај економијата: Предизвикува ли дебаклот со кредитите за недвижнини во САД рецесија на светското стопанство? Во однос на ова во Давос владееше рамнотежа меѓу песисмистите и оптимистите. Американците и натаму веруваат во сопстените заздравувачки сили на нивната економија. Европејците не се сигурни дали нема и тие да бидат вовлечени во кризата. Азиските стопански шефови се единствени во оцената дека Кина и Индија придобиваат се’ посилно значење и одговорност за подршка на светското стопанство и за порамнување на економската слабост во САД и Европа. Навистина, и натаму важи дека кога Америка ќе настине, остатокот од светот кива, но барем стана поголем бројот на лекови. Ризиците и товарите на светската економија се расподелуват врз повеќе раменици отколку порано, односот на силите во светот се помести. Потребна е поголема транспарентност Финансиските пазари како нареден пример дека само заеднички може да се бара излез од кризите: Никогаш досега не дојдоа толку до израз влијанијата на свтетската трговија, на светски поврзаните парични текови. Врвните банкари и претставниците на меѓународните институции заеднички се согласија за јакнење на превентивни мерки во банкарските зделки и за подобрување на транспарентноста. Официјални договори не се потпишани, но тоа и не е задача на Светскиот економски форум. Трговијата како нареден пример: ресорните министри од САД, Европа и другите земји на неформалната средба во саботата се договорија повторно да ги иницираат во моментов замрзнатите разговори за либерализација на светската трговија. И овде важи принципот: само заеднички сме силни, и покрај различните интереси. Резиме на годинашниот форум е дека тоа беше добра средба, оти беа зафатени конкретни проблеми. Поретки беа празните повторувања. На 2500-ните учесници не може да им се негира сериозната волја да се промени нешто. Основачот на Форумот Клаус Шваб и годинава успеа да донесе високи по ранг гости и да иницира теми што го засегнуваат светот. Гламур-факторот беше помалку присутен - само Ема Томпсон и Наоми Кемпбел внесоа малку гланц. Но, со оглед на кризните состојби, тоа и не беше вистински умесно.