1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Изедначена борба

Неџат Шабани, тренер на македонскиот фудбалски клуб „Ренова“ го коментира почетокот на првенството: „Никогаш не било вака интересно, лигата е речиси изедначена. За бодови треба да се бориме до крај.“

default

Фудбалскиот клуб „Ренова“

Првата македонска фудбалска лига зад себе веќе остави девет натпреварувачки етапи. Лидерот е новиот прволигаш Шкендија од Тетово со 17 бодови, пред Хоризонт, Ренова и Металург со по 16. Тука е и Тетекс со 14.

Македонските фудбалски актуелности ги коментира Неџат Шабани, тренер на Ренова, некогашен класен голгетер на Слога, Вардар, Беласица и повеќе клубови во странство.

Со доаѓањето на чело на Ренова го понесе на тренерскиот грб товарот на шампионската титула од претходниот шампионат. Работи вредно, со верба дека титулата ќе остане во клупските витрини.

„Мислам дека во нашето првенство ние имаме квалитетен тим, има многу да се игра до крајот, треба да се издржи во таа борба па ќе видиме кој ќе биде прв, втор или трет.“

Врз основа на првата првенствена декада, Шабани го дели мислењето на сите дека Македонија одамна немала поизедначено првенство:

„Првенството никогаш не било вака интересно, лигата е скоро изедначена. За бодовите треба да се бориме до крајот, бидејќи првенството е долго.“

Ренова е фудбалски раритет

Клубот „Ренова“, формиран пред неполна деценија, од селото Џепшишта во тетовската околија, е веќе државен

Symbolbild Fußball im Iran

Шабани: Има многу да се игра до крајот

првак и беше учесник во квалификациите за Лигата на шампионите. Успехот се должи на љубовта за фудбалот, ентузијазмот и вложувањата на спонзорот.

„За многу кратко време „Ренова“ стана шампион во државното првенство. Успехот е постигнат бидејќи сопствениците на клубот и луѓето кои работат во него се амбициозни. Тие го сакаат клубот. Од друга страна, на спонзорот на клубот му оди добро во работата, а во фудбалот моментално најважни се финансиите.“

Треба да се инвестира

Квалитетот на фудбалот зависи од инвестициите во него. Во Македонија не се инвестира доволно, вели Шабани.

„Едноставно, во фудбалот треба да се инвестира. Без инвестиции и добри плати за фудбалерите не може да очекувате повисок квалитет во фудбалот.“

Symbolbild Fußball und Geld

Треба да се инвестира во фудбалот

До пред неколку месеци Неџат Шабани беше дел од стручниот штаб и на репрезентацијата на Македонија. Без причина и објаснување беше сменет. Му недостига работата во националниот тим.

„Секако дека ми недостига. Да се биде тренер на репрезентација е големо признание. Јас имав среќа да бидам дел од репрезентацијата, и го дадов својот максимум. Сега само и‘ посакувам на нашата репрезентација добри резултати.“

Следат денови во кои продолжуваат квалификациите за европското првенство, Андора и Русија се опонентите на Македонија. Неџат Шабани смета дека ова е шанса да се поправи стартниот лош впечаток.

„Ни‘ следува Андора која треба да ја победиме. Но, на натпреварот против Русија ќе биде сосема поинаку. Треба да ги освоиме бодовите против Андора, а потоа да одиме и на победа против репрезентацијата на Русија, зошто да не?“

Автор: Златко Калински

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска