1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Изгласани новите изборни правила

По тридневна расправа во македонскиот парламент (29.10.2008) е донесен Изборниот законик. За првпат се овозможува да гласа и дијаспората, но тоа ќе важи од следните парламентарни избори.

default

Пратениците се усогласија за измените

Клучната измена во новиот изборен законик е гласањето на дијаспората. Иселениците од Европа, Австралија и Америка во иднина ќе избираат тројца пратеници во парламентот. Но, тоа право иселениците нема да можат да го користат пред парламентарните избори во 2012 година. Јован Манасиевски од ЛДП, која единствено беше против новите изборни правила, посочи дека гласањето на иселениците ќе ја чини македонската економија колку 40 пратеници од актуелниот состав. Дел од новите изборни правила се и ограничување на партиските фондови и контрола врз парите за реклами и медиумски промоции за време на изборната кампања; претседателот на ДИК ќе го предлага опозицијата.

Jovan Manasievski, Mazedonien

Јован Манасисвеки со забелешки за трошоците за гласањето на дијаспората

Во согласност со сугестиите

Промените во изборните правила беа сугерирани и од ОБСЕ, по последните насилства и неправилности на јунските парламентарни избори. За да не се наруши претходниот консензус, кој го постигнаа лидерите на политичките партии околу изборниот законик, опозициската ДПА се откажа од амандманот, со кој можеше да се искористи шансата Албанците во Македонија да добијат уште три до четири пратенички места преку прекројување на изборните единици.

Првиот тест на новите изборни норми ќе биде 29. март, кога ќе се одржат претседателските и локалните избори. Се очекува дотогаш да бидат верификувани и новите уставни измени, со што идниот претседател на Македонија ќе се избере во вториот круг со минимум од 40 проценти од граѓаните кои излегле на гласање, наместо досегашниот цензус од 50 проценти. Албанскиот политички фактор првично реагираше дека новите уставни решенија ќе ја намалат неговата улога, решавачка во гласањето за претседателот на државата, но потоа, пред се‘ ДУИ се повлече од таквите јавни критики.