1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Изгласани мерките за штедење во Грција

Грчкиот парламент со тесно мнозинство даде согласност за нови мерки за штедење. Тој предвидува кратење на платите, отпуштања во јавната дејност и зголемување на даноците. Гласањето беше проследено со жестоки протести.

default

Полициското обезбедување на парламентот беше огромно

Грчкиот парламент се согласи со натамошни драстични мерки за штедење. Пакетот мерки е предуслов за исплата на наредната транша финансиска помош, без која Грција би банкротирала за неколку недели. Пред гласањето во парламентот, поранешната министерка за труд Лука Кацели најави дека ќе гласа против одредени членови во законот за новите мерки. Таа во глобала се согласи со предлог-законот, но премиерот Јоргос Папандреу, сепак, ја исклучи од парламентарната група на неговата партија. Со тоа се намали и мнозинството во парламентот, од 154 на 153 места. До пред две години, ПАСОК имаше мнозинство од десет места, а сега се само три.

Griechenland Ausschreitungen

Демонстрантите фрлаат со камења врз полицијата за време на вчерашните протести во Атина

Нови штрајкови

Додека парламентарците гласаа за законот, пред законодавниот дом имаше жестоки протести и судири, во кои едно лице починало од срцев удар, а повредени се 74-ца. Околу 500 маскирани екстремисти пред парламентот ги нападнале луѓето кои демонстрирале со камења и молотови коктели. За да ги раздели судрените страни, полицијата употреби солзавец.

Вработените во пристаништата за денеска најавија нов 48-часовен штрајк, што значи дека до недела бродовите ќе останата во пристаништата, каде инаку веќе владее хаос. Според податоци на синдикатите, на вчерашниот втор ден од генералниотштрајк во Грција, учествувале околу 150 илјади демонстранти во целата држава.

Автор: ЕМФ/дв/дпа/дапд/макфакс

Редактор: Ж. Ацеска