1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Изгласана новата албанска влада

Албанскиот парламент денеска (15.09) даде согласност за новата влада на социјалистот Еди Рама. За новиот кабинет гласаа 82-ца од вкупно 140 пратеници.

Во новата Влада на Албанија седат 20 министри, од кои 6 се жени, вклучувајќи ја и Мими Кодели на местото министерка за одбрана. Социјалистот Еди Рама ветува дека ќе ја забрза евроинтеграцијата на државата и ќе ја обнови економијата. Претставувајќи ја програмата на Владата, Рама рече дека ќе се фокусира на демократските реформи, јакнење на владеењето на правото и борба против корупцијата.

Албанија е една од најсиромашните држави во Европа, каде според официјални статистички податоци околу 14,3 отсто од вкупно 3,2 милиони жители живеат со помалку од 1,5 долари дневно. Стапката на невработеност е 14 отсто, а јавниот долг е 60 отсто од БДП.