1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Изгласана владата на Аванистан

По двонеделното мамутско заседание, Волоси Џирга, авганистанскиот Долен дом, вчера им ја даде довербата на 20 кандидати за министри за новиот кабинет. Петмина кандидати на претседателот Хамид Карзаи беа одбиени:

Праламентот во Кабул на заседание

Праламентот во Кабул на заседание

Во историјата на Авганистан за првпат се случува демократски избран парламент да изгласа доверба на кабидент што го предложи исто така демократски избран претседател. Карзаи владе веќе пет години без парламентарна контрола. За да не доживее неуспех во парламентот, тој за составувањето на владата си остави многу време во потрага по содветни кандидати за секоја функција. Резултатот од тоа е што повеќето од половината министри на новиот кабинет се високо квалификувани личности што студирале во странство, некои од нив со докторски титули. Пред почетокот на гласањето, претседателот на парламентот Јунус Кануни нагласи дека станува збор за голема историска проба. Според него, пратениците не треба да се обѕираат на племенската припадност на кандидатите, туку на нивните квалифкации:

„Народот на Авганистан не избра за земјата да ја третираме како заеднички дом на сите Авганистанци и да ги браниме највисоките интереси на земјата„.

Преку гласањето се покажа дека фракцијата составена од строго религиозни сили не е и најсилната во парламентот. Во иднина политиката на земјата ќе ја определуваат традиционалистите како најголема парламентарна групација. Посматрачите сметаат дека претседателот Карзаи од оваа прва парламентарна проба излезе посилен од што сметаа неговите ривали, и покрај тоа што тој и неговите министри не преставија никаква јасна владина програма. Програмите на неговите министри многу повеќе се листа на одделни мерки која не може да се оцени како национална стратегија. И натаму, најголем предизвик за владата на Карзаи е битката против прозиводството и трговијата со дрога, како и дестабилизаториските акции на терористичките групи.