1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Изгаснат пожарот во рафинеријата во Венецуела

Три дена по тешката експлозија во најголемата рафинерија во Венецуела, денеска (28.08.) е изгаснат пожарот, а бројот на жртвите достигна педесетина лица.

default

chivbild

Венецуелските пожарникари целосно го изгаснаа пожарот во најголемата рафинерија во земјата Амуај, соопшти државната нафтена компанија ПДВСА.

Околу 50 лица загинаа во една од најсмртоносните несреќи во нафтената индустрија во последните десетици години.

„Објектот, чиј капацитет на производство е 955.000 барели нафта дневно, ќе може да продолжи со работа в петок“, изјави венецуелскиот министер за нафта и рудници Рафаел Рамирес.

Во експлозијата, која се случи во саботата, загинаа 48 луѓе. Поголемиот дел од жртвите се војници на Националната гарда, чии бараки биле во близина на рафинеријата.

Експлозијата предизвика зголемување на цените на нафтата во САД. Експертите тврдат дека ефектот врз нафтениот пазар може да продолжи дури и откако рафинеријата повторно ќе почне со работа.

Претседателот на Венецуела Хуго Чавес прогласи тридневна национална жалост и наложи темелна истрага за причините за трагедијата.