1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Изгаснат пламенот на платформата на „Тотал“

Пламенот на платформата за природен плин на „Тотал“ изгаснат е во текот на ноќта со што е отстранета опасноста од експлозија.

Пламенот на платформата на француската компанија „Тотал“ во Северното Море, која беше евакуирана поради истекување на гас, е изгаснат и опасноста од експлозија е отстранета", изјави денеска портпарол на „Тотал“.

„Можам да потврдам дека огнот е изгаснат, изјави портпаролот во шкотскиот град Абердин, на 240 километри од платформата.

Според друг извор, огнот се изгаснал самиот од себе, како и што се очекувало.

Огнот на стотина метри од изворот на гас, што се појави пре дшест дена на платформата „Елгин“, предизвика загриженост за опасност од голема експлозија, доколку го зафати и гасот кој истекува.

Платформата на која работеа над 200 лица, беше целосно евакуирана во понеделникот и властите означија забранета зона до шкотското крајбрежје.