1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Извршена смртната казна на Садам Хусеин

Утрово во Багдад е извршена смртната пресуда против поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин. Поранешниот диктатор беше осуден на смрт со бесење.

Реакција на Садам Хусеин на смртната пресуда

Реакција на Садам Хусеин на смртната пресуда

На вонредни вести, ирчката држава телевизија рано изутринава соопшти дека Садам Хусеин е погубен во Багдад. Поранешниот претседател умре со бесење, се вели во објаснувањето на телевизијата Ал Иракија.

Соработничка на министерството за надворешни работи утрово соопшти дека била присутна за време на егзекуцијата која се снимаше со камера. Ирачкиот премиер Нури Ал Малики не присуствуваше на спроведувањето на казната, но го поздрави нејзниотот извршување.

Претходно беа направени и последните подготовки за егзекуцијата. На местото на извршувањето на казната пристигна и исламско духовно лице, кое ги прими последните зборови на Садам.

Мувафак ал Руби, национале советник за безебдност на ирачката влада, беше присутен на егсекуцијата на Садам Хусеин. За американската телевизиска станица Си Ен Ен тој вака ги опиша последните минути од животот на Садам Хусеин. „Тој се обиде да остави храбар впечаток – но во реалноста беше целосно скршен. Неможев да препознаам ниту малку каење ниту жалење кај него.”

Претставникот на ирачката влада соопшти дека смртната казна била целосно коректно спорведена „Горд сум на начинот на спроведување на егзекуцјата. Бесењето се одвиваше коректно во согласност со меѓународните, исламските и ирачките стандарди. Навистина сум горд како сето тоа се одвиваше.”

Садам Хусеин беше осуден на смртна казна на 5 ноември годинава, поради масакарот во 1982 година во месноста Дуџали, кога биле убиени 148 Шиити, како одмазда за неуспешнио извршен атентат. Ирачкиот апелационен суд пред неколку денови ја потврди пресудата. Дека треба да биде спроведена казната, на тоа доцна синоќа се согласија ирачките и американските официјални сили.

Поради страв од можни одмазнички акции на сунитските милиции, ирачките безбедносни сили и американските трупи во земјата се во зголемена готовоност.