1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Извонреден финиш на Купот на Кондерациите

Два извонредни натпревари, 12 голови , Бразил убедлив против Аргентина во финалето , Германија машки со играч помалку поуспешна за третото место од Мексико. Купот на конфедерациите имаше најдобар можен финиш . Германија е подготвена за Мундијалот кој ќе се одржи за помалку од една година.

Адриано: Најдобар играч и стрелец на турнирот

Адриано: Најдобар играч и стрелец на турнирот

„ Вие имате слоган кој вели: Светот на гости кај пријатели. И можеме да кажеме дека навистина сме на гости кај пријатели“ . Со овие зборови исклучително задоволниот шеф на светската фудбалска федерација , Сеп Блатер и искажа благодарност на Германија за полните стадиони , прекрасната атмосфера и речиси безгрешната организација на Купот на конфедерациите , првиот и последен голем тест пред Светското Првенство 2006-та година.

Задоволството по вчерашните последни два меча на мини светското првенство не го криеше ниту Франц Бекенбауер претседателот на Организациониот Комитет на Светското Првенство. Покрај прекрасниот фудбал тој беше благодарен и на она што неговите соработници публиката и цела Германија го понуди на Купот:

„ Да мислем дека тоа беше една убава претпремиера , на она што го очекуваме наредната година . Атмосферата на стадионите беше екстремно добра . Значи на секој стадион буквално имаше една славеничка атмосфера“- истакна Бекенбауер .

Но ако речиси никој не се сомневаше во организациските квалитети на Германија, ретко кој очекуваше дека од играчки аспек овој куп на федерации ќе биде вистинско славење на фудбалот , со толку атрактивни мечеви и огромен број постигнати голови. Така беше и во последниот ден . Во финалето беа дадени пет голови. Светскиот Шампион, Бразил можеби премногу супериорно го совлада вечниот ривал Аргентина со 4:1 такашто публиката беше ускратена за подразбирливата доза напнатост на едно финале. Но сепак квалитетот на фудбалот кој се играше на стадионот во Франкфурт беше достоен за едно финале. Напаѓач Адриано постигна два од четирите голови на Бразил и на тој начин со пет голови ја освои златната копачка за најдобар стрелец а беше прогласен и за најдобар поединец на турнирот.

На публиката во малото финале не и недостасуваше ништо. Германската репрезентација продолжи со сега веќе препознатливата игра да се победи со даден гол повеќе . Со играч помалки и по две продолженија беше совладан Мексико а најголем удел во победата имаа тројца 20 годишни пулени на селекторот Клинсман , Подолски, Швајнштајгер и Хут кои ги дадоа првите три голови . И капитенот Балак ги докажа своите лидерски способности ставајќи точка на триунфалниот настап на подмладената германска репрезентација со голот од слободен удар во првото продолжение.

„Сметам дека , тимот истотака знае дека може да биде горд на она што го постигна во последниве недели“- порача селекторот Клинсман по средбата . Тој е меѓутоа смета дека има уште многу простор за напредок во репрезентацијата :

„ Знаеме дека имаме уште многу работа. Сакаме да бидеме уште поблиску до најдобрите во светот“

Поврзана содржина