1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Извозот на развиените земји го уништува земјоделството во сиромашните држави

Тезата дека повеќе вложувања даваат и повеќе приходи во земјоделството вреди само до одредeн момент. Имено, бесконечно многу ѓубриво нема да даде бесконечно многу плодови со цел да се нахрани светската популација.

default

Да ли со новите технологии ќе се обезбеди доволно храна за сите?

Наскоро на Земјата ќе има седум милијарди луѓе, од кои секоја единка има право на храна. Дали тогаш целта треба да ни‘ биде со помош на нови технологии да обезбедиме што повеќе прехранбени производи за сите да бидат сити? Бенедикт Херлин од Фондацијата за иднина на земјоделството со децении предупредува на фаталните последици од таквото размислување. Индустриската аграрна технологија нема да го реши, туку ќе го продлабочи проблемот со гладта:

„Очигледно е дека моделот на исхраната во индустриските земји води кон дебелеење. Денес во светот има повеќе дебели отколку неухранети луѓе. Погрешниот начин на исхрана е еден од најголемите здравствени проблеми кои ги имаме и за кој плаќаме милијарди и милијарди. Тоа значи дека овој модел очигледно не е вистинскиот за надминување на гладта,“ вели Херлин.

Тој беше член на Надзорниот одбор за Светскиот извештај за земјоделството, кој во 2008 година предизвика сензација ширум светот. Извештајот, изработен со поддршка на Светската банка, Светската здравствена организација (WHO) и Организацијата за исхрана (FAO) повика на унапредување на еколошкото земјоделство и на малите земјоделски имоти, а им се спротивстави на генетски модифицираната храна, на земјоделската хемија и на патентирањето на семињата за посев.

Јакнење на еколошто производство

Одделни членови на Сојузот за светскиот аграр, како што се концерните Монсанто, Сигента и БАСФ, од протест ја напуштија работната група. Некои земји се дистанцираа од извештајот и неговите заклучоци. Меѓутоа, три години по објавувањето, многу од заклучоците денес наидуваат на разбирање и прифаќање во политиката, вели Томас Рајхерт, референт за светска трговија и исхрана при организацијата „Џерманвоч”:

22.02.2011 DW-TV Wirtschaft Made in Germany Weizen

Против ген-модифицирана храна

„Во досегашните дискусии во Европската комисија за аграрна политика јасно се гледа дека има почетоци на промени што одат во насока на јакнење на еколошкото производство, кои во иднина треба да добиваат и се’ повеќе субвенции.”

Досегашниот систем на субвенционирање на земјоделството во Европската унија не само што ја загрозува животната средина, вели Рајхерт, туку доведува до нерамноправна распределба на прехранбените производи во светот:

„Индустријализираното земјоделско производство во Европа, од најмалку две причини лошо влијае врз светското производство на храна. Индустријализацијата на сточарството во ЕУ води кон тоа да се произведуваат многу повеќе животински производи отколку што е здраво за исхраната на Европејците, а и многу повеќе од она што може да се конзумира во Европа.“

Извозот од развиените го уништува производството во неразвиените земји

Вишоците се извезуваат ширум светот, па дури и во земјите во развој. Тамошните земјоделци не можат да се натпреваруваат со субвенционираните цени на европските земјоделци. Резултат: извозот на развиените земји го уништува земјоделството во Русија, Азија, Африка. Луѓето таму остануваат без работа. Ширум светот потребата за добиточна храна и производството на млеко ја уништува природата. На тој начин, вели Тодеро Менза од Организацијата „Пријатели на земјата” од Того, се уништува земјиштето кое може да служи за исхрана на луѓето:

„Во мојата земја една англиска фирма сака да закупи 40 милиони хектари земја со цел на неа да сади индустриски растенија. Ние велиме: Не! Оваа земја е за производство на храна, а тие сакаат да заземат квалитетно земјиште со цел да извезуваат индустриски растенија”, вели Менса.

Flash-Galerie Afghanistan Bamiyan Landwirtschaft

Земјоделското производство во сиромашните земји не може да ја издржи конкуренцијата од увозот од развиените земји

Извештајот за земјоделството во светот препорачува прехранбените производи, колку што е можно, да се произведуваат таму каде што се користат и тоа колку што е можно повеќе на начин што ја заштитува човековата околина, вели Ханс Херен, претседател на институтот Милениум и заменик-претседател на Светскиот извештај за аграрот од 2008 година. Тој како експерт за аграрот работел со децении во земјите во развој и е свесен дека земјоделството на иднината ќе претставува политички предизвик:

„Тоа бара потполно поинаков систем. Тогаш нема повеќе да ни‘ бидат потребни големите аграрни концерни за производство на посевен материјал или на ѓубрива, кои сакаат се´ да контролираат. Во центарот на системот ќе се најде индивидуалниот земјоделец, а системот ќе подразбира производство на обновливи ресурси, кои ќе опстанат на долг рок и кои ќе можат да ги подмират потребите на луѓето во иднина.”

А тогаш и растечката популација ќе се храни подобро и поздраво отколку денес и тоа во соработка со природата, а не против неа.

Автор: Хеле Јепесен / Светлана Брик

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска