1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Извозен поход кон Блискиот Исток и земјите од Заливот

Извозот како мотор на економскиот раст за Македонија е од клучно значење. Во услови на намалена побарувачка од традиционалните пазари, се наметнува потребата од пробив кон земјите во развој.

default

„Произведено во Македонија“, изложено на полица во супермаркет во Мосул, Доха, Каиро. Македонските производители сакаат, но се’ уште не можат да го пробијат патот за извоз на таканаречените трети пазари во земјите во развој. Во услови на криза и намалена побарувачка од традиционалните партнери во регионот и ЕУ, бизнисмените апелираат дека е потребна итна стратегија за алетрнативен поход, пред се’ кон исток. Капацитети има, квалитет исто така, но недостига поголема решителност и ангажираност пред се’ на државните институции, коментира за Дојче веле Љубица Нури од Стопанската комора на Македонија. Најголемата бизнис асоцијација во земјата неодамна ова го утврди како еден од главните приоритети за наредниот период.

„Блискиот Исток и земјите од Заливот се пазар што мора да се искористи од страна на македонските компании. Многу е важно да не се губи време и да се реагира соодветно бидејќи постојат многу тамошни луѓе што се на значајни функции, а ја познаваат Македонија и овој регион. Добар делл од нив студирале во Македонија во периодот на поранешна Југославија и добро ја познаваат нашата традиција. Тоа мора да се искористи“, смета Нури.

Иницијативата добива на конкретност

Претставници на комората веќе контактирале со бизнис партнери од Египет, Катар, наскоро планираат да го посетат и Ирак. Во сетот предлог мерки како поддршка за унапредување на соработката со овие земји од бараат Владата да ја поддржи стратегијата преку создавање правна рамка и други услови.

„Потребно е да се интензивира процесот на либерализација на трговијата, да се разгледа можноста за преференцијална трговија со Ирак и Либија, проширување на мрежата договори за одбегнување на двојното оданочување и заштита на странски инвестиции, взаемно прифаќање на сертификатите за потекло, признавање на визните процедури, поддршка за директни бизнис контакти, решавање на проблемите со побарувањата, времено преземање на билатералните конвенции и договори од поранешна СФРЈ“, вели Нури.

Европскиот пазар е приоритетен

Mazedonien Land und Leute

Текстилна фабрика

Од Владата сметаат дека традиционалните пазари се битни поради близината на транспортот, традицијата, воспоставената мрежа на нивно користење од претходниот систем. Статистиката покажува дека Европскиот пазар до лани е доминантен со учество од над 62% од вкупниот извоз. Со земјите од регионот во рамки на ЦЕФТА учеството е околу 25% и со земјите во развој каде лани извозот изнесувал скромни 7,5%. Сепак последните статистички податоци покажуваат зголемен интерес за соработка со земји како Кина, Турција, Индија кои се добро познати, велат за Дојче веле од министерството за економија. Посебно со Турција со која е потпишан договор за слободна трговија и со Кина со која се воспоставени одлични економски односи. Главните пречки, односно бариери оттаму ги детектираат во далечината на земјите што е проблем за стоки што се со краток рок на траење, прилагодување на стандардите што влијае на зголемување на трошоците, трговијата со полна царина то исто така ги зголемува трошоците и влијае на конкурентноста.

„На пример просечната царина во САД е 4%, а пондерираната царина е 1,8%. Генерално ова не влијае драстично на македонскиот извоз, освен на текстилните производи, волна и памук за кои царината е 36%. Од тие причини извозот на текстилните производи е помалку застапен на американскиот пазар, а таа е главна извозна гранка на Македонија. Овие бариери претставуваат проблем не само за македонскиот извоз, туку и за европските земји. Од тој аспект САД и ЕУ почнаа преговори за договор за слободна трговија што ќе создаде подобри услови и за нас“, изјави за Дојче веле Сузана Прањиќ од министерството за економија.

Доминантни земји со кои Македонија нема безцарински третман, а се во првите 20 со кои има најголем обем на трговска размена се Кина на 7 место, Русија на 9 место, САД како 17-та, податок што покажува дека македонските компании имаат интерес за поголемо присуство на овие пазари.