1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Извинете, но нацистите ме привлекуваат!

Данскиот режисер Ларс фон Трир, кој по неговите контраверзни изјави околу Хитлер е исклучен од Филмскиот фестивалот во Кан, се извини. Сепак, тој повторува-се чувствува привлечен од естетиката на националсоцијализмот.

default

Ларс вон Трир

Дирекцијата на фестивалот во Кан го прогласи за „персона нон грата“ и го замоли да го напушти веднаш фестивалот. Сепак неговиот филм „Меланхолија“ останува во конкуренцијата за Златната палма.

55-годишниот Данец изјави дека е „горд да биде ’персона нон грата’“.

„Ова е веројатно првпат во филмската историја да се случува вакво нешто“, изјави Ларс фон Трир, кој веќе се извини за своите изјави.

„Но, јас сум јас, не можам да го сменам мојот начин“, рече режисерот, додавајќи дека чувствува привлечност во наци-естетиката.

Lars Von Trier Regisseur Dänemark

Ларс вон Трир со актерската екипа на „Меланхолија“

Ларс фон Трир завчера предизвика непријатна ситуација на конференцијата за печатот, зборувајќи за Хитлер. Запрашан за неговите германски корени, тој порача:

„Јас го сфаќам Хитлер. Мислам дека направи лоши работи, да апсолутно, но можам да го замислам на крајот како седи во својот бункер... Реков дека само го сфаќам човекот. Тој не е добар тип, но го сфаќам многу и сочуствувам малку со него. Но, се разбира јас не сум за Втората светска војна, јас не сум против Евреите“, додаде Трир.

Данскиот режисер исто така рече дека е „со Евреите, но не премногу“, потенцирајќи дека не му се допаѓа она што го прави Израел.

Автор: ГЧ/ЖА/дпа/дв

Редактор: Жана Ацеска