1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Извештај на Стејт департментот за тероризмот

Лидерите на Ал Каеда во Пакистан и нејзините ограноци во Африка и во Јемен претставуваат најголем извор на терористичка закана за САД, се наведува во годишниот извештај на Стејт дeпартментот.

default

Во извештајот се наведува дека Ал Каеда продолжува активно да се занимава со оперативно планирање напади врз американски и западни објекти во светот, како и дека Ал Каеда во Пакистан, Јемен и Сомалија се’ повеќе ги привлекува радикалните Американци. Во извештајот, меѓу другото, се анализира и ситуацијата во ЕУ, во Германија и Македонија.

Законодавството во Европа кочи

Терористичката активност и присуството на мрежа поддржувачи во Европа останува причина за сериозна загриженост, се вели во годишниот извештај на Стејт департментот за тероризмот во светот. Американското министерство за надворешни работи ја критикува Европа што во некои случаи напорите за сузбивање на терористичките активности биле успорени поради несоодветното законодавство,

Jemen US-Botschaft

Армијата на Јемен носи голема одговорност во борбата против Ал Каеда

а во некои земји членки дури правосудниот систем не бил во состојба да ги осуди осомничените терористи, бидејќи информациите на тајните служби не можеле да се користат како доказен материјал.

Германија се бори ефикасно

Што се однесува до Германија, се проценува дека во изминатите 10 години вкупно 185 лица со германско државјанство или лица со привремен престој во земјата минале низ паравоен тренинг во исламистичките центри за обука во пограничниот регион меѓу Авганистан и Пакистан. Од нив околу 90 се вратиле во Германија, а 15 од нив пак се најдоа во затвор. Германија иследи, уапси и осуди голем број лица осомничени за терористичка дејност и пресече повеќе канали на терористичките мрежи поврзани со меѓународните исламисти.

Македонија тесно соработува со САД

Извештајот на Стејт департментот ја фали и Македонија за тоа што продолжила со тесната соработка со САД на полето на размена на информации на тајните служби за потенцијални терористи во земјата или кои само транзитираат низ неа. Владата соработуваше и со партнерите во ЕУ, како и со Интерпол.

Anwar al-Awlaki

Проповедникот Анвар Ал Авлаки е роден во САД и во 2002 имигрирал во Јемен, каде игра важна улога во мрежата на Ал Каеда

Македонија на соодветен начин ги обезбеди и сопствените оружени капацитети, до кои терористите се обидуваат да дојдат. Македонската влада во 2009 обезбеди и соодветен анти-терористички тренинг за повеќе стотици војници и полицајци, а со тамошната американска амбасада успешно соработуваше и во пресекувањето на каналите за финансирање на тероризмот.

Тероризмот во Грција во подем

Американскиот Стејт департмент предупредува од заживување на тероризмот во Грција. Во извештајот се наведува дека внатрешниот тероризам во Грција значително нараснал во 2009 година, по масовните демонстрации од декември 2008 година. Минатата година биле регистрирани преку 430 случаи што ја засегаат безбедноста на Грција, кои вклучуваат палења и напади со експлозиви и употреба на малокалибарски оружја и рачни гранати. Според Стејт департментот, екстремистите се‘ повеќе за цели избираат за фирми и безбедносни институции, а во нападите се употребува повеќе оружје, отколку претходно.

Автор: ГЧ/БГ/дв/Стејт департмент

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска