1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Извештај за Волфовиц

Претседателот на Светската банка Пол Волфовиц се најде под зголемен притисок во врска со аферата околу обвинувањата за непотизам. Истражната комиисја што ја формираше егзекутивниот совет на Светската банка дојде до сознание дека Волфовиц сопствените ги ставил над интересите на банката со што јасно ги прекршил правилата. Имено, ја поддржувал кариерата на неговата животна сопатничка и и’ обезбедил повисока плата. Од тие причини банката се најде во криза на раководењето, се вели во извештајот. И покрај меѓународните критики, американскиот претседател Џорџ Буш застана зад својот некогашен заменик министер за одбрана.