1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Извештајот на ЕК за Македонија ќе се „пегла“ до последен момент

Европската комисија денеска (12.10), трета година по ред, според очекувањата, треба да ја повтори препораката за отворање преговори со Македонија за членство во ЕУ, информираат извори од Брисел за Дојче веле.

default

Сепак, делови од извештајот за Македонија ќе бидат завршени дури претпладнево. Од Европската комисија информираат дека одредени критични формулации ќе бидат утврдени на денешниот состанок пред конечното објавување на извештајот.

Денеска попладне ќе бидат објавени извештаите и за останатите земји од Западен Балкан и Турција. Се очекува за разлика од лани, кога беше одложена препораката за почеток на преговори, годинава на Европскиот совет да му биде препорачано да започне преговори со Црна Гора. Информациите од Брисел се дека веројатно Србија ќе добие кандидатски статус, но не и препорака за почеток на преговори. Кандидатскиот статус е награда за реформите спроведени од официјален Белград, но најверојатно преговорите нема да се отворат, додека не се постигне напредок во дијалогот со Косово. Сепак, и за конечната формулација за Србија ќе се одлучува на денешниот состанок во Комисијата.

Информациите од Брисел се дека годинава Комисијата во извештаите за земјите од Западен Балкан ќе даде значење на слободата на изразување и слободата во медиумите, како и на борбата со корупцијата и криминалот.

Автор: Александар Методијев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM