1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Извештајот на ЕК за Македонија - на 16 - ти април

Европската комисија на 16-ти април ќе го објави специјалниот извештај за Македонија, обврска произлезена од декемврискиот Европски совет.

Гласањето по резолуцијата на известувачот за Македонија, Ричард Хауит ќе биде на 8-ми април, ден по вториот круг на локалните избори, јави дописникот на Македонската информативна агенција од Брисел. Претходно, стравувајќи од негативно изјаснување на европратениците поради политичката криза во Македонија, Хауит побара одложување на гласањето по неговата резолуција.

Кон крајот на март се очекува да се одржи и четвртиот состанок во рамки на Пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Македонија и ЕУ.