1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Извештајот на Анкетната комисија се очекува денеска

*

Парламентарната анкетна комисија денеска треба да го достави до парламентот извештајот за инцидентите во македонското собрание што се случија на 25 септември. Претседателот на комисијата, Стојан Андов, изјави дека очекува извештајот на комисијата да биде донесен со консензус, со што би се демонстрирала волја и капацитет за решавање на вакви прашања. Анкетната комисија беше формирана на 5 октомври и во неја членуваат четворица претставници на опозицијата и тројца на власта.