Известувањето за Курдите може да донесе затворска казна | Свет | DW | 17.09.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Известувањето за Курдите може да донесе затворска казна

Како што започна судењето во Турција на 44 новинари, обвинети дека се членови на курдска герилска група, така оживеаја прашањата за политичките слободи и слободата во медиумите.

Судењето на 44 прокурдски новинари обвинети за припаѓање на вооружена бунтовничка група го донесе во фокусот прашањето за медиумските и политички слободи во Турција. Новинарите се обвинети дека припаѓаат на Сојузот на курдски заедници, наречен од страна на турската држава и урбано крило на ПКК – герлиската група која речиси 30 години се бори за автономен Курдистан. Турција ја смета партијата за терористичка организација, како што ја сметаат и САД и ЕУ.

Најголемиот судски процес во Турција во кој се вклучени медиуми започна во понеделникот на 10-ти септември со барање на обвинителите за затворска казна од седум до 20 години. Триесет и шестмина од 44-та обвинети од декември минатата година се во притвор и го чекаа почетокот на процесот.

Според Платформата за солидарност со уапсените новинари, други 46 притворени новинари се’ уште го чекаат процесот. Процесот кој започна во понеделникот, е најголемиот од серијата судски сослушувања во кои десетици луѓе, вклучувајќи и адвокати и политичари, се соочија со слични обвинувања. Илјадници прокурдски политичари, новинари и академци, кои беа обвинети за поврзаност со забранетата Курдска работничка партија (ПКК), се осудени во последниве три години.

Türkei Medien Pressefreiheit Journalisten demonstrieren in Istanbul

Фотографија од протестите на новинарите одржани во април минатата година

Медиумската слобода под притисок

„За жал, слободата на медиумите во Турција е под значителен притисок“, вели Октај Екси, поранешен претседател на Турскиот медиумски совет и член на опозициската Републиканска народна партија. Тој додава дека „повеќе од 100 новинари се во затвор“. Екси вели дека затворените новинари биле обвинети дека се терористи, иако се’ уште не е потврдено дека тие се членови на Сојузот на курдски заедници.

„Сите обвинети работат за курдски медиуми. Затоа, слободата на изразување е една од главните грижи“, вели Антонија вон дер Беренс, германска адвокатка назначена од Репортери без граници за да претставува еден од обвинетите новинари Хусеин Дениз.

„Јас верувам дека процесот нема да биде фер. Според моето мислење, обвинетите се таму не затоа што се членови на терористичка организација, туку затоа што известувале за курдски прашања“, вели таа и додава: „Притисокот врз курдскиот печат ги зголемува грижите за третманот на малцинствата и на размислувањето на малцинството“, вели Ема Синклар-Веб, турски истражувач за Хјуман рајтс воч. „Дури и кога тие погледи се навредливи, тие мора да бидат заштитени“.

Триесет години конфликт

Курдите, кои учествуваат со околу 20 проценти во турската популација од 74 милиони, се најголемото малцинство во земјата. Борбата ескалираше од јуни 2011-та наваму, кога Меѓународната кризна група извести дека најмалку 800 луѓе, вклучувајќи и 85 цивили, се убиени во насилството. Повеќе од 40.000 луѓе, главно Курди, ги загубија животите откако ПКК започна со кампањата во 1984-та година.

„Турција се конфронтира со тероризмот речиси 30 години“, вели Дениз Ергурел, генерален секретар на Медиумската асоцијација, турска непрофитна организација.

Türkei Kurden Demonstration gegen die PKK in Ankara

Илјадници Турци протестираа на почетокот од месецов за да го осудат тероризмот во Анкара.

„Новинарите кои пишуваат за овие прашања се соочуваат со многу проблеми. Дури и ако личноста има далечна врска со тероризмот, како овие новинари кои пишуваат за тоа, владата може да биде многу тврда со нив во насока да го заштити остатокот од општеството“, додава Ергурел.

Но, тој нагласува дека фактот што овие новинари известувале за курдски прашања и тероризам во Турција не значи дека тие направиле криминал. „Сите идеи треба да бидат слободно изразени. Ова е основата на демократското општество“, вели Ергурел.

Активна битка

Турските медиумски здруженија се поврзаа заедно за да постигнат позитивен исход за притворените новинари во судскиот процес.

„Во август 2010-та година 13 асоцијации се собраа и одлучија да формираат Платформа за слобода на новинарите“, вели Екси, додавајќи дека бројот на здруженијата всушност се зголеми на 94. Тој вели дека Платформата е многу активна во заштитата на правата на новинарите и тој верува дека нивните напори нема да бидат залудни.

„Кога се прекршува етиката, тогаш јас сметам дека професионалните здруженија треба да се справат со тоа меѓу себе“, вели Ергурел. „Ова не треба да биде правна работа, бидејќи не можат да се создадат специјални закони за сите овие случаи. Многу е тешко да се воспостави стандарди за медиумска етика или слобода на медиумите со закони“, додава генералениот секретар на Медиумската асоцијација.