1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Извесна промена на власта во Албанија

И покрај тоа што се уште се пребројуваат гласовите од парламентарните избори во Албанија, одржани викендов, јасно е дека досегашниот премиер Бериша ја губи власта. За некои тоа е големо изненадување.

Според првичните резултати, опозициската коалиција „Алијанса за европска Албанија“ предводена од Социјалистичката партија на Еди Рама (на фотографијата горе)  ќе однесе убедлива победа на изборите во земјата. Левата коалиција води дури и во традиционалното упориште на владејачките Демократи на Сали Бериша- северна Албанија.

Промени против Преродба

Така, конзервативците на Бериша се на најдобар пат да го остварат својот предизборен слоган „Промени“. „Изборниот слоган „Ние сме промените- иднина“, требаше да значи дека Албанија влегува во период на модернизација“, објаснува Томас Шрапел, раководител на локалниот огранок на фондацијата Конрад Аденауер. Наспроти нив, опозициската коалиција на изборите настапи со слоганот „Преродба“.

„Левица“ и „Десница“ во албанскиот политички речник одговара само делумно на германското разбирање на оваа терминологија. „Поголеми идеолошки разлики меѓу двете партии не се забележливи“, објаснува Шрапел.

Причините за тешкиот пораз на десната коалиција, според политичкиот аналитичар Артан Путо од Универзитетот во Тирана, не лежат само во

Albanien Wahlplakate in Tirana

Изборна атмосфера во Тирана

недостатокот на политичко профилирање, туку во прва линија во авторитарноста на Сали Бериша, кој како ретко кој друг политичар ја одбележа тамошната политика по падот на комунизмот.

„Бериша се обиде да доминира во сите три дела на власта, во легислативата, во егзекутивата и во судството. Притоа тој се обиде да ја концентрира не само политичката, туку и економската моќ во неговите, односно во рацете на мал број луѓе“, вели Путо. „Поради тоа владата на Бериша не беше во состојба да ги реши тешките економски проблеми во земјата. Поради тоа, гласачите ја казнија таквата политика“.

Ветувањата веќе не минуваат

Уште една причина за изненадувачкиот пораз на Бериша, според аналитичарот Луан Хајдарага, е што тој не го одржа ветувањето да ги реши социјалните проблеми на граѓаните.

„За време на кампањата Бериша брзаше да отвора нови улици, но тоа малку придонесе за подобрување на стандардот на граѓаните. Притоа, тој на гласачите не им кажуваше што реализирал за време на мандатот, туку им даваше нови ветувања. На тој начин не се освојуваат гласови“, вели Хајдарага.

Albanien Wahlen Sali Berisha

Сали Бериша

Според досегашните изјави и оценки, ова беа едни од најдобро организираните избори во Албанија, и покрај тоа што имаше двајца мртви и неколкумина повредени во инциденти на пред и на денот на гласањето. Според шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ, Роберто Батели „изборите беа слободни и во доволна мерка фер“.

Ваквото мислење го дели и Томас Шрапел од „Конрад Аденауер“.

„Заслуга на премиерот Бериша е што по изборите не дојде до поголеми инциденти. Тој навреме стави јасно до знаење дека ќе ги признае резултатите од изборите“, вели Шрапел. Тоа е многу важно за иднината на Албанија во ЕУ, затоа што во Брисел со големо внимание се следеше изборниот процес.