1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Избран Олстар-тимот на Еуро 2012

Европската ракометна федерација- ЕХФ на денешната завршна прес- конференција ги прогласи и најдобрите на ЕП во Србија, уште пред одигрувањето на малото (Хрватска- Шпанија) и големото (Србија- Данска) финале.

За најдобар играч на ЕУРО 2012  е прогласен репрезентативецот на Србија,  Момир Илиќ.  Најдобар одбранбен играч на шампионатот во Србија, според ЕХФ пак е Виран Морос од Шпанија.

Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров е прогласен за најдобар стрелец на Европското првенство во Србија со 61 гол. Воедно тој сега е најдобар стрелец во историјата како на европските така и на светските шампионати .

Во  тимот на шампионатот пак се избрани: Дарко Станиќ (Србија) – голман, Валур Гудјон Сигурдсон (Исланд) – лево крило, Микел Хансен (Данска) – лев бек, Урош Зорман (Словенија), Рене Тофт Хансен (Данска) – пикер, Марко Копљар (Хрватска) – десен бек, Кристијан Шпренгер (Германија) – десно крило.

Автор: СН/ АТ/ миа/ ехф

Редактор: А. Трајковска