1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Избрани спортисти на годината во Германија

Гимнастичарот Фабијан Хамбихен, Магдалена Нојнер трикратен срветски првак во бијатлон и германската ракометна репрезентација се новите спортисти на годината во Германија.

default

Магдалена Нојнер повторно блеска

Фабијан Хамбихен кој 2007 година стана светски и европски првак на вратило и е носител на сребрен медал во повеќебој и тимска броза на Светското првенство, со голема предност го победи најголемиот конкурент пингпонгарот Тимо Бол, кој на европското првенсво беше успешен во поединечна конкуренција, во парови и со репрезентацијата. Трето место годинава за НБА кошаркарската ѕвезда Дирк Новитцки.

Во женска конкуренција титулата и годинава во рацете на бијатлонка. Магдалена Нојнер е најдобрата спортистка на годината. 20 годишната Нојнер на Светското првенство во Антхолц освои три златни медали „Мислам дека спортист на годината е најголемото признание за спортистите во Германија. Среќна сум и се радувам што ја освоив титулата. Јас сум трета бијатлонка по ред кој ја освојува оваа титула и тоа ме прави уште посреќна.“

Второто место во женска конкуренција го освои Франка Дич, која во Осака тртпат по ред стана Светски првак во фрлање диск. Третото место за фудбалерката Надин Ангалер.

Екипа на годината е ракометната репрезентација на Германија, следени од женската фудбалска репрезентација. Спортистите на годината во Германија ги бираат спортските новинари.