1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Избрана новата македонска влада

Македонскиот парламент ја изгласа новата влада на Никола Груевски. За новиот состав на кабинетот гласаа 90 од вкупно 120 пратеници. Од нив, 68-мина беа “ЗА“, 22-ца беа против и ниту еден воздржан. Седницата на парламентот ја бојкотираа пратениците на коалицијата ДУИ-ПДП поради невклучувањето на коалицијата во новата влада. Премиерот Никола Груевски, во образложението на програмата на неговиот кабинет нагла

Никола Груевски е новиот македонски премиер

Никола Груевски е новиот македонски премиер

си дека приоритети ќе бидат подобрување на животниот стандард, зголемување на вработеноста, засилена борба против корупцијата, подобрување на меѓуетничките односи и интеграција на земјата во ЕУ и НАТО.

“Важно е и потребно е секогаш кога се во прашање државните и националните интереси на Република Македонија да бидеме обединети, да бидеме заедно и со разум да ги донесеме одлуките“, рече Никола Груевски, кој од денеска е македонскиот премиер. На полноќ е избрана новата влада, коалиција на ВМРО ДПМНЕ, новата НСДП и ДПА, но и со парламентарна поддршка на ВМРО НП.

“Собранието избра влада на Република Македонија“ – објави најстариот пратеник со најдолго искуство во 15 годишниот плурализам, Стојан Андов, кој го замени Љубиша Георгиевски на позицијата спикер и кој ја водеше финиш-дебатата од дводневната расправа за политичко-економските приоритети и надворешно-политичката ориентација на кабинетот на Никола Груевски. Владата има парламентарно мнозинство од 68 гласови. Толку се изјаснија за новиот кабинет. Денеска почнува смената на власта – напладне се менуваат позициите. Бучковски заминува во опозиција, Груевски станува 6-от македонски премиер. Со експресна брзина овој 37 годишен економист, од екс-министер за финансии успеа да се одлепи од првиот лидер на ВМРО ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, да ја преброди неговата фракционерска борба, да ја модернизира ВМРО ДПМНЕ и за три години да создаде моќно, подмладено и хомогено раководство, со кое ја врати партијата на власт. Никола Груевски вели дека му е комплимент кога го нарекуваат политчки технократ, дека сака да води влада со менаџерски склоности, во чиј епицентар се економските проблеми – совладувањето на сиромаштијата, борбата против криминалот, за да ја воведе Македонија во НАТО во 2008 година, а догодина со ЕУ да ги почне преговорите за членство. Никола Груевски ќе води кабинет со луѓе од кои само 20% имаат министерско искуство. Тој рече:

“Со голема верба во она што сакаме да го направиме, подготвени сме со ваков состав во кој што имам голема доверба, се разбира ако некој не ја оправда таа доверба постојат реконструкции, да влеземе во еден нов период, во нов предизвик, притоа свесни за проблемите што ги имаме“.