1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Избор на „Супер-имам“ преку телевизија!

Во ТВ-кастинг шоуто „Имам Муда“ во Малезија, младите мажи не мора да ги покажат своите пејачки способности, туку да совладаат повеќе задачи во врска со исламот. Победникот ќе добие стипендија да се школува за имам.

default

Кандидатите во малезиското кастинг-шоу „Имам Муда“

Малезија бара супер-имам. Во телевизиското шоу кое е конципирано според емисијата American Idol, десет млади мажи се борат да ги освојат срцата на гледачите и да добијат стипендија за школување за имам, на Универзитетот Медина во Саудиска Арабија.

Кандидатите ја претставуваат муслиманската традиција

Malaysia Imam Muda Casting Show

Хасан Махмуд Ал-Хафиз, претседателот на телевизиското жири

Во темни костуми и црни капчиња, кои се вообичаени за муслиманите во Малезија, кандидатите седат во телевизиското студио и се обидуваат да ги извршат задачите што им ги задава водителот. Публиката гласа, во секоја емисија испаѓа по еден од нив, а уште во првата емисија атмосферата беше возбудлива. Имамите пред камерите мораа да измијат и погребаат повеќе лешеви, според муслиманската традиција. Еден од мртвите починал од ХИВ-вирусот, а според весниците лежел во џамијата повеќе недели, оти никој не сакал да го земе.

26-годишниот Асираф Мохд Риџуан е еден од десетте кандидати во малезиското кастинг-шоу, и многу му се допаѓа емисијата: „Сметам дека е супер што учествувам. Никогаш досега вака не се прикажувала религијата на телевизија, како во American Idol. Воодушевен сум.“

Емисијата ги поврзува религиозниот и нормалниот живот

Muslime beginnen Pilgerrituale der Hadsch in Mekka BdT

Една од наградите за победникот е аџилак во Мака

Се пријавија заинтересирани од целата земја. Одбраните кандидати се на возраст помеѓу 19- и 27 години и никој од нив нема религиозно минато. Едниот порано бил селанец, друг, пак, службеник во банка. Токму затоа емисијата е полн погодок, вели Изелан Бесар, продуцентот на Имам Муда: „Сакаме да покажеме дека исламот е модерна религија. Навистина успеавме во тоа. Многумина ни се јавуваат и ги бараат нашите кандидати за зет или сопруг. А зошто? Затоа што конечно некој успеа, меѓусебно да ги поврзе религиозниот и нормалниот живот.“

На победникот на кастинг-шоуто му следува работа како проповедник во џамијата во Куала Лумпур, аџилак во Мека и еден лап-топ компјутер. Но, патот дотаму е долг. Кандидатите живеат под ист покрив три месеци, како во „Big Brother“ и мора многу да се трудат за да ги совладаат предизвиците во секоја емисија. Хасан Махмуд Ал-Хафиз, претседателот на телевизиското жири рече дека не секој може да стане имам: „Еден добар имам мора разбирливо да ја пренесе религијата, а во истовреме да ги разбере верниците. Нашите кандидати успеваат во тоа. Сепак, сите тие потекнуваат од народот.“

Религијата се приближува кон младите луѓе

22.06.2009 DW-TV Wirtschaft Made in Germany Logo Facebook 2

„Имам Муда“ на Фејсбук има над 12.000 обожуватели

Емисијата наиде на добар прием кај гледачите. Иако таа се емитува само преку ТВ-каналот Астро Оазис, сепак само страницата на „Имам Муда“ на Фејсбук веќе има над 12.000 обожуватели. Во една куќа во Куала Лумпур, се собраа муслимани, но и некои кои не се муслимани, за да го гледаат шоуто на телевизија. Една жена муслиманка рече дека емисијата и‘ се допаѓа, оти на тој начин религијата повторно се приближува кон младите луѓе: „Денес младите луѓе најчесто велат, јас сум млад, религијата не е за мене. Но, ако имамите се на нивна возраст, тогаш и младинците повторно ќе одат во џамија.“

Во Малезија со години има жесток конфликт помеѓу муслиманското мнозинство и религиозните малцинства, пред се‘ христијаните и Индусите. По кавгата околу употребата на зборот Алах во еден католички весник, на почетокот од годината беа запалени цркви, а во џамиите беа фрлани свински глави. Конфликтот се‘ уште не е конечно завршен.

Супер-имамот е толерантен и близок до народот

Symbolbild Islam Halbmond mit Stern auf grünem Untergrund

Целта е повеќе млади луѓе да се одлучат за ислам

Емисијата треба да придонесе за повеќе толеранција, вели кандидатот Асираф Мохд Риџуан. Според него, супер-имамот од Малезија не е фанатичен, туку толерантен и близок до народот: „Имамот мора да биде меѓу луѓето и да учествува во нивниот живот. Тоа меѓу другото не важи само за имамите, туку за сите религиозни водачи.“

Во наредните недели учесниците мораа да покажат во џамиите дека имааат способности да бидат проповедници и да допрат до народот. Малезиската муслиманска заедница, која учествуваше во креирањето на телевизиското шоу, се надева дека со помош на „Имам Муда“, што значи млад имам, навистина повеќе млади луѓе ќе се одлучат за ислам.

Автор: Бернд Муш-Боровска / Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Жана Ацеска