Избор на претседател во Јемен | Свет | DW | 21.02.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Избор на претседател во Јемен

Со изборот на нов претседател на земјата во Јемен денеска се става крај на 33-годишното владеење на Али Абдала Салех. Единствен кандидат е заменикот на Салех, Абд Рабо Мансур Хади.

default

Хади е единствен кандидат на изборите

Али Абдала Салех, кој од јануари минатата година правеше обиди за смирување на протестите на кои се бараше негово заминување, во ноември потпиша договор за постепено отстапување од своите овластувања што беше и резултат на меѓународниот притисок да се повлече. Кандидатот на владејачките и опозиционите сили за наследник на Салех, 66-годишниот Абд Рабо Мансур Хади, би требало да ја води земјата во преоден период од две години. Потоа би требало да се одржат нови избори. Салех, по повеќемесечни протести на населението и немири во земјата, отпатува во САД на, како што беше соопштено, медицински третман.

Jemen Proteste

Луѓето во Јемен со недели протестираа против претседателот Салех

Врз јеменскиот претседател во јуни минатата година беше извршен обид за атентат во кој Салех доби тешки изгореници, поради кои минатата година замина на лекување во САД. При заминувањето во САД тој се извини на својот народ за „сите недостатоци“ за време на неговото долгогодишно владеење и порача дека ќе се врати во земјата. Јеменскиот претседател официјално ќе се повлече од власт во текот на оваа недела, но не се очекува никаква церемонија за време на настанот.

Се очекува и новиот јеменски претседател, како и Салех, кој важи за сојузник на САД во борбата против Ал Каеда во Јемен, да продолжи со уништувањето на екстремистите кои веќе долго време извршуваат напади во земјата и се закануваат да ја вовлечат во граѓанска војна.

Автор: ЕМФ/миа/дв

Редактор: А. Трајковска