1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Избор на нов лидер на Социјалдемократската партија во Македонија

СДСМ денеска избира нов лидер на партијата. Струмичкиот градоначалник Зоран Заев ќе биде избран за в.д претседател. Заев ќе ја врши оваа должност до враќањето на претседателот на државата Бранко Црвенковски за лидер.

default

Радмила Шеќеринска ја водеше партијата досега

На денешниот партиски конгрес на СДСМ струмичкиот градоначалник Зоран Заев ќе биде избран за в.д претседател. Заев ќе ја врши оваа должност до враќањето на претседателот на државата Бранко Црвенковски за лидер на оваа партија во мај идната година.

Конгресот денеска ќе ја констатира и оставката на Радмила Шеќеринска.

Неодамна, Црвенковски го аболира Заев, кој беше осомничен и му беше определена мерка притвор за случајот со трговскиот центар Глобал во Струмица.


Заев, за време на својот в.д. мандат, ќе се соочи со локалните и со претседателските избори.