1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Изборот на папа почнува во вторник

Изборот на нов папа почнува во вторник (12.03). Тогаш колегиумот на кардиналите ќе се собере на Конклава за да го одбере наследникот на Бенедикт Шеснаесетти, кој поднесе оставка.

Портпаролот на Ватикан Федерико Ломбарди соопшти дека во вторник претпладне кардиналите прво ќе присуствуваат на миса, а потоа попладнето во Сикстинската капела (фото горе) почнува Конклавата.

Право на глас при изборот на наследник на Бенедикт Шеснаесетти имаат 115 кариднали од цел свет. Колку долго ќе трае Конклавата зависи од бројот на кругови на гласање. Папата мора да биде избран со двотретинско мнозинство, значи со најмалку 77 гласови. Сикстинската капела за време на гласањето ќе биде строго изолирана од надворешниот свет. Кардиналите, како и лицата кои помагаат во текот на Конклавата, се обврзуваат со заклетва на апсолутно чување на информациите во тајност. Забрането е корситење на средства за комуникација од секаков вид, од весници до Твитер.

Papstwahl weisser Rauch

Белиот чад во 2005-та година значеше - новиот папа Бенедикт 16. е избран

Се гласа со ливчиња за гласање кои потоа се горат. Ако од каминот на Сикстинската капела излезе црн чад, тоа значи дека гласањето не донесло резултат. Белиот чад пак сигнализира дека е избран нов папа.

Најдолгата Конклава досега траела од 29 ноември 1268 година до септември 1271 година, а најкратката се одржала во 1503 година и траела само неколку часа. Бенедикт Шесанесетти во 2005 година беше избран во вториот круг гласање.