1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Изборот го имаат Авганистанците

Спорните претседателски избори во Авганистан одат во втор круг - одлучи изборната комисија. Актуeлниот претседател Хамид Карзаи во вториот круг ќе се соочи со поранешниот министер за надворешни работи Абдула Абдула.

default

Хамид Карзаи на плакат

Објавувањето на конечните изборни резултати се погрижи за одредена поларизација на политичките сили на Хиндукуш. „Карзаи против Абдула“- во вториот круг претседателски избори во Авганистан настапуваат двајца кандидати со различни програми и различна политичка биографија.

Покрај политичката поларизација, кризата во земјата би можеле да ја продлабочат и климатските и технички тешкотии. Со доаѓањето на зимата и драматично заострената безбедносна ситуација, ќе биде се’ потешко да се спроведат фер и слободни избори, барем во некои делови од земјата.

Тоа што Карзаи сега се согласи да учествува на вториот круг од изборите, пред се’ се должи на консеквентното однесување на западот, кој демократскиот мировен процес на Хиндукуш го поддржува со ангажман на негови војници, опасен по нивниот живот. Во спротивно, ќе беше тешко да се бори за режим чиј демократски легитимитет е поткопан од очигледна изборна измама.

Карзаи владее се‘ поавтократски

Факт е дека тимот на Карзаи, покрај спорниот изборен исход, се покажа како многу неефикасен и корумпиран. Карзаи инсистира на тоа во земјата да опстојува силно централизиран претседателски систем. Со тоа, во текот на неговиот прв мандат тој си ја надгради личната политичка моќ. Тој коваше принудни алијанси со регионалните моќници и правеше политички концесии со исламистичките сили. Како прв демократски избран претседател во историјата на земјата, Карзаи владееше се’ поавтократски.

Како негов предизвикувач сега на врвот на поделената опозиција стои 49-годишниот лекар Абдула Абдула. Тој може да смета на поддршка од моќните гувернери на северот на земјата. Абдула предложи релативно конкретен план за надминување на економската криза и намалување на невработеноста. Со тоа, тој на неговите сограѓани им се понуди како политичка алтернатива за претседателот Карзаи. Дипломатската кариера на Абдула како поранешен министер за надворешни работи му помогна во странство да се профилира како политичар од доверба на кој може да се смета. Сега останува да се сочека, дали и вториот круг ќе биде изборна фарса или не.

Автор на коментарот: Саид Муса Самими

Превод: Симе Недевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM