1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Изборни ветувања и стари проблеми

Новите пратеници и министри ќе се соочуваат со стари проблеми. Еден од нив е решавање на судбината на стечајните работници.

default

Собранието во Скопје

Еден од поголемите проблеми што ќе ја дочекаат и новата влада на Македонија ќе биде решавањето на судбината на стечајните работници. Разните партии во предизборието нудат различни концепти за надминување на ова тешко наследство на продолжена транзиција, но стечајците кои веќе 15 месеци протестираа пред парламентот во Скопје не им веруваат на изборните ветувања.