1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Изборните кампањи на партиите - основен извор на корупција

Предвремените избори во Македонија ќе проголтаат над 20 милиони евра за партиските кампањи. Веројатно и овој пат нема да изостанат и формите на трошење државни пари или ресурси за кампањите.

Кој ќе седи во новиот состав на парламентот?

Кој ќе седи во новиот состав на парламентот?

Станува збор за буџетски средства или средства што легално и нелегално ќе се испумпаат од кревкото стопанство, јавните фирми и од бизнисмените преку донациии. “За да го спроведат тоа (партиите на власт) мора да ја монополизираат моќта. Тоа значи ќе мораат да стават рака врз се’, а особено таму каде што се фондови во прашање. Затоа заграбувањето во општеството одеше со несопирлива амбиција“, објаснува Сашо Ордановски, од невладината организација „Транспарентност“. „Државата стана главен стопан, правејќи ги фирмите зависни од нивните јавни работи или набавки“, вели Сашо Ордановски и појаснува дека во таквите зделки секогаш се вклучени и проценти за партиските каси. Тој додадава дека еден од инструментите на моќ е и енормниот прием во јавната администрација.

Договорени правила

Според изборните правила компаниите можат да ги спонзорираат партиите до 5 насто од вкупниот приход што го остваруваат, а не со апсолутна сума до максимални 20.000 евра, што беше една од алтернативните опции за одредбите за финансирањето.

Лидерот на владеачката партија, Никола Груевски на конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на владеачката партија, Никола Груевски на конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Повеќе моќни и познати фирми се определија за подеднакво почетно спонзорирање, а по конечните резултати за издвојување за сите партии кои ќе влезат во парламентот, според бројот на пратеничките места или освоени гласови.

И покрај овие (не)пишани правила на изборната игра, штабовите не ги изложуваат на јавен увид потрошените средства, нивните извори, ниту пак сите донации се слеваат во специјално отворените банкарски конта за изборната пропаганда, што треба да се отворат еден месец пред почеток на кампањата. Државниот ревизор немаше јасен и прецизен “увид во завршните сметки на партиите околу претходните вонредни избори 2008, ниту заедничките претседателски и изборите за локалната самоуправа“, се истакнува во извештајот на овој орган, што го контролира трошењето на јавните финансии.

Главен извор на корупција

“Финансирањето на партиите, пред се’ за време на нивните кампањи, но и за време на нивното тековно работење, многу пати до сега сме го оцениле како основен фактор за појава и за натамошно проширување на корупцијата како проблем во општеството“, изјави за Дојче веле Слаѓана Тасева, универзитетски професор и еден од познатите борци против корупцијата. Посебен проблем преставуваат политичко-медиумските спреги на сопственици на ТВ куќи, кои се и партиски лидери или форсираат одредена опција, а по освојувањето на власта си бараат компензација за огромните маркетиншки попусти, кои понекогаш изнесуваат дури до 90 насто за платените партиско-изборни промоции.

Лидерот на опозицискиот СДСМ, Бранко Црвенковски

Лидерот на опозицискиот СДСМ, Бранко Црвенковски

Затоа и медиумите се дел од подмитливите зделки, вели Тасева, зашто и ТВ станиците “учествуваат со значајни средства во донациите или дисконтите што на одделни партии им ги доделуваат за време на изборните кампањи“.

Широка лепеза

Коруптивните аранжмани доаѓаат до израз во сите фази, од јавни набавки, до изградба капитални објекти што се финансирани од буџетот, вели Илми Селими антикорупционер и во новоформираната Комисија. “Во време на избори и предизборни кампањи многу извори на средства се непознати, да не кажам нелегитимни, нелегални“, оцени Селими.

На македонските телевизии се’ уште се вртат клипови со пропагандни пораки, чија цел е да ги потсетат избирачите што се’ направила Владата. Премиерот Груевски, по предизборните лидерските средби, ветуваше дека по распуштањето на Парлементот ќе бидат запрени ваквите пропагандни и медиумски промоции, за што лани се потрошени најмалку 20 милиони евра, средства што се слеани во маркетиншките агенции или одделни избрани телевизии.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Горан Чутаноски