1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Изборна кампања со негативна реторика

Во Македонија во тек е изборната кампања за предвремените парламентарни избори, што треба да се одржат на 5 јуни. Освен меѓународните приоритети, на агендата на партиите се и социјалните теми.

default

Мирна и неинвентивна кампања без соочувања на аргументи и дебати, и многу ветувања. Притоа се поатрактивни социјалните теми: повисоки пензии и плати за администрацијата, 150 евра минимална работничка плата, пари за стечајците.

Многуте и честите анкети ги прават добиените податоци неверодостојни за компарација. Според нив се’ уште е висок процентот на апстинентите.

Wahlen in Mazedonien VMRO-DPMNE

Директорот на Институтот за демократија Владимир Мисев за периодот на кампањата вели: „Луѓето се незадоволни од начинот на кој се води предизборната кампања. Таа е исполнета со една негативна реторика и тоа внесува одредена разочараност, посебно кај неопределените“.

Во досегашниот тек на кампањата, владејачката партија ги избегнува медиумските соочувања, но нема ниту дебата за стратегиски прашања. „Нема додадена вредност од еден тв-дуел, каде ќе се зборува за сите прашања. Но, секако сметам дека има голема вредност, доколку има дебати на конкретни прашња – каде ќе оди Македонија, каков ќе биде развојот во социјалните вклучувања, каков ќе биде развојот во европските интеграции?“, вели за Дојче веле Сашо Клековски, директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка. По негова нарачка неодамна е направена сонадажа, кои општествени вредности се приоритетни за граѓаните. Меѓу трите прворангирани се човекови права, мир и ненасилство со околу 15%

Mazedonien Wahlen 2009

. Но, загрижува што цивилниот сектор оценува, дека во земјата немаат никаква вредност отчетноста за работата и транспаретноста во политиката, изјави Клековски.

Консултираните експерти и аналитичари велат дека анализите се врз основа на впечатоци, но се сложуваат дека се заострува реториката. Опозициските партии, како во еден глас, говорат за наводни притисоци од владејачката коалиција. „Во албанскиот блок кампањата се одвива многу посмирена. Ако се очекуваат инциденти за изборите, може да се каже дека тоа може да се случи со поголема веројатност кај македонскиот блок отколку кај Албанците“, вели Лирим Дулови. Во албанскиот блок две теми се доминантни – функционалната федерализација на Македонија, која ја вклучува и идејата да се располага со една третина од парите во државната каса и буџетот да биде документ што ќе се усвојува со т.н. Бадентерово мнозинство, оценува Лирим Дулови коментатор на весникот „Коха“. „Да беше поинаква економската слика во државата, социјалниот аспект и резултатите ќе беа поинакви. Но, за жал народот станал толку зависен од тоа, која политичка партија ќе дојде на власт што им наметнува и за кого ќе гласаат. Мислам дека позависен народ од политиката досега немало во Македонија“, констатира Дулови.

Wahlen Mazedonien

Во изминативе две недели избегнати се меѓуетничките полемики, а од меѓународните приоритети-името, ЕУ и НАТО агендата предизвикуваат дијаметрално спротивни позиции.

Околу рефернедумот кон ВМРО-ДПМНЕ се приклучи и можниот премиер на СДСМ Радмила Шеќеринска и ЛДП, за ОМ и Љубе Бошковски предавство е промена на уставното име со каква било додавка, додека екс-премиерот Љубчо Георгиевски вели патриотизамот не е во изградбата споменик на Александар Велики, туку влез на Македонија во ЕУ и НАТО и тоа со компромис за името во првите три месеци од идната влада.

Но, зошто евро-атлантската агенда не е на дневен ред, иако тие ќе бидат високо на агендата на идната влада почнувајќи од решавањето на спорот за името?„До крајот на годината нема да има сериозен прогрес во таа насока, зашто што и самиот летен период ќе помине во калкулации на формирање на новото владејачко мнозинство, па изборот на министри итн.“, вели Владимир Мисев од Институтот за демократија во Скопје.

Во петок (03.06.11) на полноќ завршува предизборието. Над 50 насто од анкетираните во мај изјавиле дека очекуваат фер и демократски избори. 25 дека тие делумно би можеле да бидат такви, додека 13 проценти сметаат дека е потребна внимателност од насилство на денот на гласање. Притоа 15 проценти од еничките Македонци сметаат дека ќе има поткуп на гласачите, а 19 насто од етничките Албанци оцениле дека би можело да се случи полнење на кутиите, регистрира најновата анкета на неколку нарачатели, меѓу кои МЦМС.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Александра Трајковска

Поврзана содржина