1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Изборната конвенција на Републиканците во знак на ураганот „Густав“

Американскиот Претседател Џорџ Буш го откажа говорот на изборната конвенција на неговата републиканска партија за да може да отпатува во близина на кризното подрачје што го очекува ураганот „Густав“.

default

Џорџ Биш ја научи лекцијата од ураганот „Катрина“ пред три години

Џорџ Буш, според експертите, сака да им покаже на Американците дека се грижи за нивните потреби повеќе отколку за партиските. По катастрофалниот ураган Катрина во 2005-та на сметка на неговата влада стигнаа голем број критики за слаб кризен менаџмент.

Во сенката на новиот ураган „Густав“ ќе се одржи и целата изборна конвенција на Републиканците, кои дневниот ред веќе го сведоа на најнужното.

Молитви за спас од невремето

„Не се молиме невремето да се истури на друго место и да погоди други луѓе, туку се молиме за Твоја заштита. Молиме да ја намалиш силината на невремето за да не ги погоди со сета сила нашите домови и нашите семејства.“

Вака се молеа делегатите на партиската конвенција на американските Републиканци, кои допатуваа еден ден порано во Минеаполис. Нивните молитви беа упатени за заштита на најблиските, но и за оние од спасувачките екипи, кои се подготвуваат за доаѓањето на невремето.

„Како што знаете во петокот се навршија три години од налетот на невремето Катрина и веднаш потоа во септември дојде уште ураганот Рита. Многу сме загрижени, но истовремено сме свесни и за одговорноста што ја носиме за изборот на нашите кандидати за претседател и заменик претседател на САД. Сепак, нашите срца се со нашите во сојузната држава Луизијана“ – објаснува политичарката од Републиканската партија, Кеј Кац.

Изборниот тим на Мек Кејн ги смени приоритетите

Изборниот тим на главниот кандидат Џон Мек Кејн изнајми патнички авион, што цел ден лета на линијата Минеаполис – Луизијана. Со него делегатите на конгресот по желба можат да одлетаат дома во загрозеното подрачје или пак да ги донесат децата од дома во Минеаполис, каде што се одржува изборниот конгрес. Некои од делегатите од загрозеното подрачје го откажаа учеството. На нивно место се пријавија заменици, како Метју Валас, кој живее во северниот дел од сојузната држава Луизијана и затоа не мора да се грижи за невремето.

„Моето семејство и други граѓани од Шривипорт ќе прифатат голем број бегалци. Подготвивме се’ за прием на неколку илјади сограѓани од југот. Исто како и во времето кога беснееше ураганот Катрина.“

И невремето може да послужи во изборната кампања

Роџер Вилер, пак, потекнува токму од Њу Орлеанс, кој најмногу настрада во налетот на Катрина пред три годони. И сега целото негово семејство е евакуирано и тој е уверен дека сенаторот Мек Кејн и неговиот изборен тим ќе сторат се’ за да им помогнат на сограѓаните во неволја. „Од се’ срце сум благодарен што имаме кандидат со такви квлаитети, какви што има Џон Мек Кејн и што тој повторно покажува дека Америка е за него најважен приоритет!“