1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Изборната кампања почна предвреме

Во Македонија официјално кампањата за предвремените избори треба да започне на 11-ти мај, но сите партии веќе наголемо врбуваат гласачи. И покрај договорот, тема е и грчко - македонскиот спор за името

default

Само што ги нема плакатите

Недостасуваат само изборни плакати и билборди. За нив веројатно ќе се чека официјалниот почеток на 11-ти мај. Инаку предизборната кампања, партиите од власта и опозицијата веќе ја започнаа. Се користи секо повод и манифестација за изборна промоција како во македонскиот така и во албанскиот блок.

И покрај претходните договори темата за името и грчко - македонскиот спор сепак остануваат централна тема во предизборна Македонија.