Изборната кампања во Холандија во знакот на евро-кризата | Свет | DW | 09.09.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Изборната кампања во Холандија во знакот на евро-кризата

На 12. септември Холанѓаните треба да се изјаснат за нов состав на парламентот. Доколку Социјалистичката партија дојде на власт, ќе биде нов проблем за германската канцеларка Меркел.

Се’ уште владеат летни температури во малото градче Боксмер. Холандската Социјалистичка партија тука одржува изборен собир. Голем број фотографи и сниматели, од бината се слуша гласна музика. Се’ повеќе луѓе се туркаат околу бело-црвениот штанд со фрижидер од кој, со цел изборен маркетинг, се дели бесплатно сладолед. За кандидатот на социјалистите Емил Румер тоа е натпревар на домашен терен. Румер е поранешен наставник и потекнува од ова градче, каде беше и заменик градоначалник.

Wahlkampf in den Niederlanden

Емил Румер - изборна кампања во Холандија

Тој брзо стигнува до неговата најважна тема: кризата со еврото. „Се работи за луѓето, образованието и приходите. Премногу политичари размислуваат само за законите и долговите. Но Европа не би требало да зависи од тоа што ќе се каже во Брисел“. Кога станува збор за темите дефицит и одредбите на ЕУ на овој 50 годишен политичар „му се крева притисокот“, по што започнува критиката на сметка на досегашната влада. „Кризата не ја предизвикаа луѓето, туку политичарите, кои им дадоа простор на финансиските пазари да направат криза“.

Притоа токму неговата партија профитира од кризата со еврото. Стравот на населението од плановите за штедење на Брисел на партијата и донесоа нови симпатизери. Иако Социјалистичката партија претрпе лесни загуби, според последните анкети, очигледно значително повеќе граѓани можат да си замислат својот глас да им го дадат на социјалистите, отколку што досега се сметаше за можно.

Критика на банките и институциите на ЕУ

Во април годинава централно десничарската влада се распадна поради пакетот за штедење на ЕУ. За да се намали буџетскиот дефицит под границата од три проценти беа планирани кратења на јавните давачки за околу 14 милијарди евра. Во моментов во Холандија на власт е привремена влада од сојуз од партии под раководство на досегашниот премиер Марк Руте.

Auf dem Bild: Wahlplakate in den Niederlanden. Boxmeer 1.9.2012. Foto: Ralf Bosen / DW

Избори во Холандија

Факт е дека Румер најави дека ќе се заложи за поттикнување на порастот. Тоа не само што е на курс на конфронтација со Брисел, туку и со плановите на германската канцеларка Ангела Меркел, која многу полага за буџетската дисциплина. Само Румер не бил бил проблем за ЕУ и канцеларката. Но, во политичка констелација заедно со шпанската, француската и италијанската влада, веќе би било проблем. Имено сите тие радо сакаат да се извлечат од европскиот диктатат за штедење.

Во моментов според анкетите се навестува тројна борба меѓу социјалисите, социјалдемократите и десните либерали. Со оглед на тоа што на 12 септември на избори излегуваат 21 партија постојат различни можности за коалиција. Притоа помалите партии би можеле да играат одлучувачка улога.