1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Изборната битка започна

Отатко сите партии се изјаснија за предвремни избори и се согалсија со датумот за нивното одржување, имено на 18 септември, при што секако последниот збор го има сојузниот претседател Хорст Келер, се разгореа шпекулациите за можниот иден канцелар – Ангела Меркел. Вчера раководните тела на сите партии одржаа седници на кои се водени почетните разговори за подготовките за претстојните избори:

Претседателството на социјалемокартите го одобри планираното предвремно одржување на изборите, соопшти претседателот на партијата Франц Минтеферинг. Тој потврди дека СПД во изборната битка ќе оди без цврсто ветување за коалиција, а на пратениците ќе им биде понуден манифест за изборите:

„Тоа ќе биде манифест кој ќе се соочи со социјалниот напредок во Германија во наредните 4 години. Во него ќе биде повикано на храброст во иновациите и за способноста за иднината на земјата, но и за готовноста финансиските приоритети така да се постават за да се добие најдоброто за земјата. Втората поента се обновата и заедништвото, формула со која влеговме во овој тековен легислативен период. Агендата 2010 ќе биде продолжена„.

Како најбрз стартер во предизборната битка се презентираше малата опозициона либерална партија која настојува на коалиција со партиите на Унијата. Претседателот на фракцијата на оваа партија во Бундестагот Волфагнг Герхард изјави дека се јасни тежиштата за настап на изборите:

„Фракцијата нема потреба од големи обновувања. Политиката кон пазарот за работа, енергетиката, образованието, даночната политика, сето тоа покажува дека ние сме подготвени да преземеме одговорност. Веднаш почнуваме да работиме за да ги убедиме граѓаните„.

Што се однесува до неговите лични амбиции, Герхарт себе се гледа како можен министер за надворешни работи во црно-жолтата коалиција. Меѓутоа, Унијата се уште не се изјаснила за можноста за коалицирање.

На маргините на седницата на фракцијата на ЦДУ-ЦСУ, нејзиниот потпретседател Волфганг Босбах како тежиште на заедничката изборна програма ја најави битката против невработеноста:

„Мислам дека во програмата 100 дена јасно ќе соопштиме дека за нас има три мега теми: работа, работа, работа. Тоа не значи потценување на другите теми, туку само укажување дека во Германија мора се да се направи за повеќе работа„.

По седницата, претседателката на ЦДУ Ангела Меркел и можен кандидат за функцијата канцелар, на истата тема со слично укажување:

„Ние сме решени да го прифатиме предизвикот на предвремените избори. Веруваме дека е важно да и се покаже на Германија оти постојат можности и дека има надеж на луѓето во земјата повторно да им биде подобро и дека можат да се создата повеќе работни места„.