1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Избори со насилство

Изборите во најбројната африканска земја, Нигерија, одржани вчера беа проследени со насилство и нерегуларности. Во судирите за време на изборите загинаа неколку луѓе.

default

Меѓународните набљудувачи се загрижени поради хаосот и насилството кои ги следеа претседателските избори во Нигерија. Изборите минаа исклучително лошо, изјави раководителот на комисијата на набљудувачите на изборите од ЕУ, Макс ван ден Берг. Тој додаде дека е загрижен. Набљудувачите забележуваат дека дел од избирачките места биле отворени подоцна или воопшто не биле отворени, дека имало манипулации и знаци за фалсификувања.

Претседателот на Нигерија, Олесегун Обасанџо, кој по осум години на претседателската фотелја веќе нема право да се кандидира, изјави дека неговата влада ги почитува законите. ”Владата нема причина да ги фалсификува резултатите од изборите”, изјави тој по давањето на сопствениот глас во родниот град Адеокута. Инаку, надеж дека ќе победат на изборите имаат пред се три партии: владеачката Демократска народна партија на претседателот Обасанџо, која во трка го пушти Умару Јарадуа, потоа Нигериската народна партија со кандидатот за претседател, Мухамаду Бухари и Акциониот конгрес со досегашниот потпретседател, Атику Абубакар. Сите тројца се муслимани од Северна Нигерија. Покрај нив се позиционираа останатите 21 кандидат за претседател на земјата. Меѓу големите партии нема основни идеолошки разлики.

Сите на избирачите им ветуваат повеќе или помалку – едно исто – добро снабдување со струја, чиста вода за пиење, бесплатно школување и повеќе работни места.