1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Избори пред изборите

Во преку 30 сојузни држави во САД веќе се отворени гласачките места. Целта на ова предвремено гласање е да се спречат долгите редици на денот на претседателските избори- 4 ноември. Интересот кај граѓаните е голем.

default

Дел од избирачите во САД веќе неколку дена можат да го дадат својот глас за еден од претседателските кандидати

На границата меѓу американските сојузни држави Северна Каролина и Вирџинија се наоѓа регионот Нортхемптон. Во овој претежно земјоделски крај луѓето не се претерано богати. Во дворовите пред семејните куќи се поставени сини изборни паноа. Според нив, бројот на подржувачи на кандидатите за претседател на САД, Барак Обама и Џон Меккејн е речиси еднаков.

Да се избегнат долгите редици на 4. ноември

На пладне во населените места во Нортхемптон е особено мирно. Единствен исклучок е управната зграда на Џексон, главниот град на областа Нортхемптон. На паркингот има околу 15 возила, а пред главниот влез на зградата мали пластични табли на кои пишува „Предвремено гласање“ и „Зад овие врати е забранета изборна пропаганда“.

Она што ширум САД официјално ќе се случи на 4. ноември (денот на официјалното гласање на претседателските избори), овде како и во 30 други сојузни држави е возможно од пред неколку денови. „Мојата сестра ми кажа, оди да гласаш“- вели еден жител на Нортхемптон. Неговиот сограѓанин Џејмс Мекгвајр пак истакнува: „Не сакам на денот на изборите да стојам во долги редици и затоа доаѓам порано да гласам.“

Wahlen haben begonnen USA Wahllokal in New York

Голема е веројатноста на 4. ноември да има долги редици пред гласачките места

Предвременото гласање тече одлично

Во Нортхемтон се регистрирани преку 15.000 гласачи. Од нив 4.000 веќе го дадоа својот глас. Сузи Сквајер, одговорна службеничка во овој изборен округ е зачудена од медиумските извештаи за долгите редици пред гласачките месата како на пример во Флорида:

„ Овде времето за чекање е најмногу 10 минути. Ова се посебни избори, со поголема излезност на граѓаните од вообичаено. Претпоставувам дека таа ќе изнесува од 60 до 70 проценти“.

Сквајр истакнува и дека досега нема потешкотии при гласањето: „Гласањето тече супер, без проблеми. Луѓето сакаат да имаат можност да го дадат својот глас кога имаат време и да не мораат да чекаат во долги редици на 4. ноември.“

Пред идниот претседател стои тешка задача

USA Wahlen Kombo Barak Obama John McCain

Кој ќе освои повеќе гласови: Барак Обама или Џон Меккејн?

Брачниот пар Де Лоуч штотуку гласаше. Сопругот Ентони де Лоуч, самостоен авто-превозник, објаснува дека тој и неговата сопруга потекнуваат од семејства кои традиционално гласаат за Демократите. И двајцата сакаат да видат промени. Но, може ли Барак Обама навистина да ги исполни неговите ветувања?

„Сосема искрено, не знам што може еден од нив двајца навистина да направи за четири години. Тоа ќе биде тешка задача. Меѓутоа, Републиканците веруваат во богатсвото на високата класа, од кое потоа треба нешто да им се распредели на подолните класи. Но, мене до сега од тоа ми нема ништо капнато. Работам напорно, ги плаќам даноците и очекувам да добијам нешто од богатството“.

Гласачите како господинот Де Лоуч можат предвреме да го дадат својот глас во преку 30 сојузни држави. Речиси една третина од регистрираните избирачи можат, со убаво чуство дека веќе гласале, на телевизија да го гледаат можниот хаос на избирачките места на 4. ноември. И сосема искрено да почуствуваат длабоко олеснување по речиси две годишната предизборна кампања:

„ Јас сум подготвен сето ова да заврши. Гледам многу телевизија и има само една тема, наутро, напладне и навечер, на сите канали постојано има реклами за Меккејн и Обама. Преморен сум и се надевам дека претседателските избори ќе завршат што побргу“.