1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Избори под силни безбедносни мерки

Околу 17 милиони Авганистанци се повикани да изберат еден од 36-те кандидати за претседател на државата. Покрај безбедноста, Авганистан е исправен и пред предизвикот да овозможи фер и слободни избори.

default

Жени на избори во Авганистан

По масовните закани на Талибанците, на вторите претседателски избори во Авганистан досега излегоа далеку помалку граѓани на гласање отколку пред пет години. Пред се’ на југот на земјата е забележано слабо учество, што би можело негативно да се одрази врз резултатот на претседателот Хамид Карзаи. Според

Wahl Afghanistan 2009 Abdullah Abdullah bei der Wahl

Претседателскиот кандидат Абдула Абдула

сегашните иноформации на северот на земјата засега учестовото е поголемо, што би можело да му донесе предност на предизвикувачот на Карзаи, Абдула Абдула.

Претседателот Хамид Карзаи утрово го даде својот глас и како и сите други избирачи и неговиот прст беше маркиран со мастило отпорно на вода. Со оваа мерка би требало да биде спречено двојно гласање. Претседателот повторно ги повика граѓаните да излезат на гласање „за Авганистан преку нивниот глас да стане посигурна и помирна земја.“

Слабо учество на југот на Авганистан

Сепак гласањето во главниот град Кабул досега се одвива слабо. 34 годишниот Севар е еден од ретките, кој уште пред да бидат отворени избирачките места дојде на гласање: „Воопшто не можев да спијам, бев возбуден, оти смеам да избирам нов претседател.“ За разлика од 2004 година, кога уште во раните утрински часови луѓето стоеја во редица, во некои изборни единици утрово немаше ниту еден човек за гласање.

Wahl Afghanistan 2009 Frau mit Kind an Wahlurne

Избирачко место

Во Кандахар, вториот по големина град во Авганистан, учеството на изборите досега е за 40 процентни пониско во однос на првите директни претседателски избори во историјата на земјата оддржани пред пет години, информираше портпарол на властите. Кандахар инаку се смета за седиште на талибанските милиции, кои пак повикаа на бојкот на изборите и веќе со денови се закануваат со крвави напади. И утрово се случија неколку насилни инциденти. Повреден е еден набљудувач на изборите, во провинцијата Хелманд беа испукани 20 ракети во близина на група гласачи. Притоа во главниот град на провинцијата Лашкар е Гах е убиено едно дете. Министерството за надворешни работи ги повика медиумите, за време на изборите да не известуваат за нападите.

Меѓународните трупи и авганистанските војници и полицајци се грижат за безбедноста

US-General Stanley McChrystal

Американскиот генерал Стенли Мекрристал

Маѓународните ИСАФ трупи од своја страна дадоа ветување дека ќе ги вложат сите напори за да им го обезбедат патот на Авганистанците до избирачките кутии. Командантот на меѓународните трупи во Авганистан Стенли Меккристал: „Правиме се’ што можеме. Соработуваме со силите за безбедност на Авганистан, со полицијата и армијата. Помагаме при надгледувањето со авиони. Имаме подготвено едници, кои би можеле да одговорат, во случај бунтовниците да се обидат да ги сопрат изборите. Правиме се’ за по можност секој Авганистанец да може да гласа,“ истакна Меккристал.

Над Кабул перманентно кружат хиликоптери, контролите за безбедноста уште повеќе се заострени. За безбедноста на изборите се грижат 175 илјади авганистански војници и полицајци и повеќе од 100 илјади странски војници.

Покрај безбедни, властите во Авганистан треба да обезбедат и фер избори, но постојат сомневања дека на црниот пазар постојат стотици фалсфикувани изборни легитимации. Властите низ целата земја распоредија набљудувачи. Гунтер Мулак, кој е дел од европската делегација сепак не губи надеж. „Се наоѓаме во земја, во која делумно владее воена состојба, и каде што 75 проценти од населението се аналфабети. Во вакви околности, се надеваме дека изборите ќе бидат фер и слободни.“

Автор: КК/АТ/ЖА/ап

Редактор: Жана Ацеска