1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Избори во Франција

Во Франција се отворија избирачките места. Граѓаните денеска ќе одлучат кој ќе биде неследник на Жак Ширак на функцијата претседател. Фаворит по првиот круг избори е поранешниот министер за внатрешни работи Николас Саркози. 52 годишниот конзервативен политичар, според последните анкети води пред неговата конкурентка социјалистот Сеголен Ројал. 45 милиони граѓани во Франција имаат право на глас. Во француските прекуокеански области се гласаше вчера. 12 годишниот мандат на претседателот Жак Ширак завршува на средината на месецов.