1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Избори во Полска

*

Денеска во Полска повеќе од 30 милиони граѓани ќе гласаат за составот на новиот парламент во земјата. Според последните анкети, на владејачката национал-конзервативна партија на премиерот Јарослав Качински и се заканува неуспех. Според нив, во предност е лидерот на опозицијата Доналд Туск, претседател на либералната “Граѓанска платформа“. Изборите се одржуваат пред редовниот рок, откако се распадна коалицијата на Качински со радикалната селанска партија “Самооброна“ и десната “Лига на полските семејства“. За нов парламент денеска ќе се гласа и во Швајцарија. Во Словенија пак, граѓаните ќе решаваат за наследникот на досегашниот претседател на државата Јанез Дрновшек.