1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Избори во Иран - веројатна победа на конзервативците

Првите резултати од парламентарните избори во Иран укажуваат на победа на конзервативниот табор. Избирачките места беа отворени дури четири часа подолго од планираното. Победа на конзервативците и се очекуваше - единствената непознаница беше големината на одзвиот на избирачите. Првите официјални изјави на иранското министерство за внатрешни работи по затворањето на избирачките места, признаваат дека учеството на изборите изнесувало само околу 50% и дека во споредба со изборите од пред 4 години било помало за 20%. Но, ваквите изјави се во спротивност со општата прогноза дека одзивот ќе изнесува под 30%. Ваквите прогнози беа ширени пред се' од страна на реформистите, на кои или Советот на чуварите на револуцијата не им дозволи да настапат на изборите, или самите поради протест за ваквата одлука на Советот, се повлекоа од трката. Тоа што гласањето беше продолжено за неколку часови беше изненадување. Но, во повеќе поголеми изборни единици, пред се' во Техеран, беше очигледно дека времето на избирање не беше продолжено поради голема навалица на избирачите, како што беше случај на претходните избори, туку за на луѓето да им се даде уште една шанса, па како и да сака тоа човек да го разбере. Електронските медиуми тоа го правеа во текот на целиот ден и го претставуваа излегувањето на избори како патриотско дело. Конечните официјални резултати можат да бидат објавени дури за неколку дена. Сепак, нема сомневање, дека победници ќе бидат конзервативците, зашто тие практично на изборите и немаа конкуренција, откако Советот на чуварите на револуцијата дисквалификуваше околу 2 500 реформски ориентирани кандидати. Меѓу нив и најважниот реформски политичар и брат на претседателот Катами. Претседателот со ваквиот развој на настаните уште повеќе ќе загуби од моќта. Ако тој досега не можеше да им се спротивстави на конзервативците во услови кога имаше реформско мнозинство, тоа сигурно нема да може да го прави со конзервативно мнозинство.