1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Избори во Египет во април сепак нема да има?

Управниот суд во Каиро денеска го прогласи за неважечки терминот за одржување парламентарни избори во април. Освен тоа, судот соопшти дека мора да се преиспита изборниот закон.

Египетскиот претседател го наведе 22 април како термин за одржување парламентарни избори. Гласањето требаше да се изведе во четири етапи, од кои последната би се одржала во јуни.

Денешната одлука на судот со која се одлагаат изборите ја продлабочува политичката криза во земјата. Во Египет нема Долен дом на парламентот уште од летото. Врховниот суд во јуни 2012 година го распушти парламентот (фото горе) поради формална грешка во изборниот закон. Оттогаш, задачите на парламентот ги извршува таканаречениот Шура-совет, односно Горниот дом на парламентот.

Опозицијата во Египет минатиот месец повика на бојкот на парламентарните избори затоа што верува дека тие не смеат да се одржат во ек на протестите против претседателот Мохамед Мурси и безредијата кои траат со ендели.

Инаку, Владата на Египет има право на жалба на денешната судска одлука.